Почина фудбалерот Александар Пандовски

Фудбалерот Александар Пандовски, кој пред неколку дена имаше тешка сообраќајна несреќа, утрово им подлегнал на повредите.

Пандовски беше младински репрезентативец на Македонија, фудбалер на „Вардар“, „Работнички“ и на „Турново“, а последно настапуваше за „Еуромилк“.

Тој доживеа тешка сообраќајна несреќа откако неговиот автомобил излета од патот на излезот од Скопје и удри во столб на бензинската пумпа на „Макпетрол“.