fbpx

Во тешка сообраќајка загинаа двајца штипјани

-

На пат за штипскиот затвор, одејќи на работа во ноќна смена, двајца затворски чувари ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа, што се случила на излезот од Штип.

Според засега непотврдени инфорации, возилото во кое се возеле се излизгало од коловозот и влетало во реката Брегалница. Веднаш притрчале на помош колегите, кои се возеле во возилото зад нив. Успеале да го извлечат жив едниот од нив, но тој набргу им починал на раце.

Вториот штијанец веќе бил починат.

Во вечерните часови во Штип заврна леден дожд, по што коловозите беа своевидно лизгалиште. Местото каде излетало возилото е пред мостот на реката Брегалница што го спојува излезот на Штип со регионалниот пат што води од Штип кон Радовиш.

Полицијата го потврди настанот, кој се случил околу 19 часот. Има потврда за двајца починати, но детали се најавени за подоцна.
Неофицијално, се работи за жител на штипската населба Железничка, кој пред осум месеци станал татко. Втората жртва е од населбата Чардаклија, брат на загинат бранител од конфликтот во 2001 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...