fbpx

Бил Клинтон: Хилари е најквалификуван кандидат за Белата куќа

-

Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, денеска изјави дека неговата сопруга Хилари е најквалификуван кандидат за американски претседател во последниот полoвина век.

Клинтон денеска првпат се вклучи во преизборната кампања на својата сопруга, која е кандидат за демократска номинација на претседателските избори што ќе се одржат оваа година.

– Не сум видел некој кој се кандидира за оваа работа во ваков значаен момент, да е подобар во знаење, искуство и темперамент за да го направи тоа што мора да се направи. Во несигурен свет, каде границите сè повеќе изгледаат како мрежи отколку како ѕидови и каде никој нема целосна контрола, таа сфаќа што е потребно за нашата земја да остане што е можно побезбедна – изјави Клинтон во Њу Хемпшир.

Клинтон потсети на тоа што таа го направи како државен секретар и предизвика смеа кога рече дека ни самиот не верувал дека ќе успее да ги убеди Кина и Русија да ги укинат санкциите кон Иран.

Во својот говор, тој не се осврна на коментарите на еден од кандидатите на Републиканската партија, Доналд Трапм, кој неодамна ги критикуваш сопружниците Клинтон.

– Најлошата работа која можеше Хилари да ја направи е да го вклучи својот сопруг во кампањата – рече Трамп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...