fbpx
Таг: сообраќајна несреќа

таг: сообраќајна несреќа

Момче во кома, по судир меѓу „бмв“ и мотоцикл во Кисела Вода

Ноќеска, четириесетина минути по полноќ, на булеварот Борис Трајковски, во населбата Кисела Вода, се случила сообраќајна незгода меѓу автомобил, марка „бмв“ и мотоцикл, чиј возач, 22-годишно момче, бил тешко повреден во несреќата. Мотоциклистот со тешки телесни повреди, со возило на итна медицинска помош бил префрлен во Градската хируршка болница „Наум Охридски“. Како што информираат од МВР, момчето е неконтактибилно и...

Шест и пол години затвор за возачот што ја усмрти студентката кај Универзална сала

Кривичниот суд денеска го прогласи за виновен и го осуди на казна затвор од шест години и шест месеци возачот кој во април минатата година ја прегази студентката Фросина Цековска на булеварот Партизански одреди во близина на Универзалната сала. Во несреќата, од ударот, Цековска почина на самото место. „Ценејќи ги сите материјални и вербални докази кои беа изведени во текот на постапката, вештиот...

Едно лице загина во сообраќајка на патот Радовиш – Струмица

Сообраќајна несреќа се случи на магистралниот пат Радовиш - Струмица меѓу автомобил „форд“, управуван од А.Д. (33) од Радовиш, и возило „фолксваген“, управувано од У.Д. (25) од Радовиш. Во несреќата на самото место починал А.Д., а сопатникот Р.Д. (29) од Струмица добил тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Медицински центар - Струмица, бил пренесен во Клинички центар - Скопје. Увид на местото...

Двајца загинати во сообраќајка на булеварот Партизански одреди во Карпош

Две лица ги загубиле животите во сообраќајна несреќа што утринава, околу 3.30 часот, се случила на булеварот Партизански одреди во населбата Карпош. Несреќата се случила кога такси-возило, марка „мерцедес“, од засега непознати причини, излетало од коловозот, а потоа првин удрило во жардињера, па во дрворедот на булеварот. Во несреќата на самото место починале возачот на такси-возилото, 35-годишниот А.В., и 37-годишната С.К....

Три лица се повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Три лица се здобиле со потешки повреди, откако патничко возило марка „Форд Фокус“ со кичевски таблици на патот Гостивар-Кичево изгубило контрола, удрило во карпа и се превртело на покрив. Сообраќајката се случила денеска околу 12 часот и 15 минути меѓу Мавровска крстосница и Сретково, пред превојот Стража. Од удирањето и превртувањето, возачот 53 - годишник од кичевско и двајца негови...

Пратеникот Павле Трајанов доживеал сообраќајна несреќа

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, во саботата доживеал сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Гевгелија, соопшти партијата на нивниот „Фејсбук“ профил. Сообраќајката се случила околу 16.15 часот кога во близина на мостот на Водисирска Река, возилото кое доаѓало од спротивен правец престигнувало цела колона, на полна линија и директно удрило во возилото марка „шкода“ во кое бил Трајанов, а кое се...

Жена загина во тешка сообраќајна несреќа во Прилеп

Триесет и петгодишна жителка на селото Боротино го загубила животот во сообраќајна несреќа што ноќеска околу 1 часот се случила во Прилеп, на мостот на градската река, во близина на магацините на „Центропромет“, соопшти Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, возилото, марка „опел астра“, што го управувал сопругот на починатата, удрило и ја пробило металната ограда од десната страна на...

Во сообраќајна несреќа повредени двајца велосипедисти од кои едно петгодишно дете 

Малолетно девојче на возраст од 15 години управувајќи возило „голф“ без возачка дозвола, повредило двајца велосипедисти од кои едно петтогодишно дете. Сообраќајката се случила вчера околу 12 часот на локалниот пат во село Пирок. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил и 36 годишен велосипедист од Пирок. Тој по укажаната лекарска помош во тетовската болница, поради сериозноста на повредите е...

Во сообраќајка загина 38-годишен тетовец

Триесет и осумгодишен жител на Тетово загина денеска на стариот пат Тетово - Скопје, кај Добарскиот подвозник. Сообраќајката се случила околу пладне, кога возачот на автомобил марка „хјундаи“ со тетовски регистарски таблички, загубил контрола, по што возилото удрило во бетонски столб под подвозникот и се превртело. Во сообраќајката повреден е и 31-годишен жител на Тетово кој го управувал возилото. Тој добил тешки телесни...

Полицаец повреден во судир меѓу камион и возило на МВР кај Католичка црква

Полициски службеник е повреден во сообраќајна несреќа што денеска, околу 13 часот, се случи на кружениот тек кај Католичката црква во Скопје, при судир на камион и на возило на МВР, соопштија за „Мета“ од СВР Скопје. Од ударот полициското возило се превртело на коловозот од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, а во тек е увид на полицијата што треба да ги...

Патничка загина во директен судир на две возила кај Росоман

Едно лице го загубило животот, а две биле повредени во сообраќајна несреќа што денеска околу 12.30 часот се случила во близина на Росоман, соопшти попладнево Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму до несреќата дошло при директен судир на автомобил „форд фиеста“ и возило марка „мерцедес“. „Патничко моторно возило 'форд фиеста' со скопски регистарски таблички, движејќи се на патот, кај...

Сообраќајка на булеварот Трета македонска бригада, едно лице е повредено

Попладнево на булеварот Трета македонска бригада, во близина на средното хемиско училиште се случи сообраќајна незгода во која учествува две возила. Од СВР Скопје информираат дека во несреќата која се случила околу 17.20 часот учествувале возила „Фиат“ и „БМВ“ со скопски регистарски ознаки. Според првичните информации, во несреќата со повреди се здобил возачот на Фиатот кој е пренесен во ГОБ „Св....

Во сообраќајка на патот Прилеп – Градско животот го загуби петгодишно девојче

Попладнево околу 15 часот, на магистралниот пат Прилеп - Градско се случи тешка сообраќајна незгода, во која животот го загуби петгодишно девојче, информираат од Основното јавно обвинителство. Несреќата се случила кога автомобил „форд фиеста“ со велешки регистарски таблички излетал од коловозот и се превртел. Во автомобилот, освен девојчето, патувале и нејзиниот татко, баба и дедо. Другите патници не се повредени. Се...

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Струмица – Радовиш

Две лица загинаа во сообраќајната несреќа што се случи изутринава во 6.10 часот на магистралниот пат Струмица - Радовиш меѓу селата Владевци и Радичево. Според информациите од струмичката брза помош, двете лица животот го загубиле на местото на несреќата. Уште едно лице е потешко повредено и е префрлено на хируршкото одделение во болницата во Струмица. Засега нема информации за други повредени. Според...

Започна судењето против возачот кој ја прегази студентката кај Универзална сала

Денеска во Основниот суд Скопје 1 започна судењето на Љ.В. осомничен за сообраќајната несреќа на булеварот Партизански одреди кај Универзална сала, во која животот го загуби студентката Фросина Цековска од Крива Паланка. Љ.В. се товари дека сторил две кривични дела „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“. - Од...

Се преврте автобус со бугарски туристи, петмина тешко повредени

Пет лица се потешко повредени, а 21 лице се со полесни повреди откако синоќа, околу 22 часот, се превртел бугарски автобус на магистралниот пат Крива Паланка - Ранковце. Засега не се познати причините за сообраќајната несреќа, која се случила во близина на село Опила. Сите повредени патници се надвор од животна опасност и се пренесени во болницата во Крива Паланка. Во...

Моторџија загина во сообраќајна несреќа во Битола

Триесет и осумгодишен моторџија го загуби животот во сообраќајна несреќа, што вчера попладне се случила во индустрискиот дел на Битола. Мотоџијата настрадал во директен судир со товарно моторно возило. Сообраќајката се случила вчера, околу 18 часот, во индрустрискиот дел на Битола, на крстосницата од улиците Новачки пат, кој води кон селото Долно Оризари и улицата Индустриска, потврдуваат од битолската полиција. Од...

Прилепчанец со „југо“ удрил во куќа

Триесет и четиригодишен прилепчанец вчера, околу 18.10 часот, со автомобил, марка „југо“, удрил во куќа на улицата Сремски фронт, информираат од полицијата. Во несреќата, прилепчанецот добил тешки телесни повреди и бил задржан во прилепската општа болница за понатамошно лекување. Според полицијата, тој не поседувал возачка дозвола за управување со моторни возила, а и сообраќајната дозвола не му била со продолжена важност. Увид...

Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Едно лице го загубило животот во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот Скопје - Велес, на 2 километри по наплатната станица кај Сопот, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, автомобил марка „фиат линеа“ со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот од десната страна и слетал во провалија. Поради непристапноста на теренот, припадниците на единицата за специјални задачи на МВР...

Во тешка сообраќајка загинаа двајца штипјани

На пат за штипскиот затвор, одејќи на работа во ноќна смена, двајца затворски чувари ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа, што се случила на излезот од Штип. Според засега непотврдени инфорации, возилото во кое се возеле се излизгало од коловозот и влетало во реката Брегалница. Веднаш притрчале на помош колегите, кои се возеле во возилото зад нив. Успеале да...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...