fbpx

Во сообраќајна несреќа повредени двајца велосипедисти од кои едно петгодишно дете 

-

Малолетно девојче на возраст од 15 години управувајќи возило „голф“ без возачка дозвола, повредило двајца велосипедисти од кои едно петтогодишно дете.

Сообраќајката се случила вчера околу 12 часот на локалниот пат во село Пирок. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил и 36 годишен велосипедист од Пирок.

Тој по укажаната лекарска помош во тетовската болница, поради сериозноста на повредите е пренесен на скопските клиники. Петгодишното дете пуштено е на домашно лекување. Првична причина за сообраќајката е неприлагодена брзина.

Во изминатите месеци, заклучно со месец мај во Тетово и тетовско откриени се околу 585 лица кои управувале без дозволи и на кои им се изготвени соодветни поднесоци, по што ќе се соочат со глоба од 300 евра и 400 евра за лицата кои им овозвожиле да ги управуваат возилата

Поради зголемување на бројот на прекршоци врзани со управување на возило без возачка дозвола, СВР Тетово апелира до возачите да не седнуваат зад волан без положен возачки испит, а возачите почетници да не возат без придружник.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...