Еден загинат и 20 повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Битола-Демир Хисар

Станува збор за судир меѓу патничко моторно возило и комбе на компанија која превезувала работници од Битола кон населените места во Демир Хисар. Загинатиот битолчанец, К.К., бил совозач на автомобилот со битолски регистерски ознаки

-

Во тешка сообраќајна несреќа попладнево загина 42-годишен битолчанец, а 20 луѓе се повредени. Сообраќајната несреќа се случила на регионалниот патен правец Битола-Демир Хисар. Станува збор за судир меѓу патничко моторно возило и комбе на компанија која превезувала работници од Битола кон населените места во Демир Хисар. Загинатиот битолчанец, К.К., бил совозач на автомобилот со битолски регистерски ознаки.

„Јавен обвинител од ОЈО Битола изврши увид на лице место заедно со вешто лице. Издадени се наредби за прибирање на траги од лице место и проверка на крв и урина на возачите. Се постапува за расчистување на причините за несреќата“, соопшти Јавното обвинителство.

Сите 18 патници од комбето и возачот на комбето, А.С (25) од село Вирово, како и возачот на патничкото моторно возило „пежо“ се пренесени во Клиничката болница Битола за санирање на повредите. Повредените работници се од битолската фабрика „Кромберг и Шуберт“, кои работеле во првата смена.

Од болницата за Канал 5 изјавиле дека сите се надвор од животна опасност.

Увидот на местото на тешката сообраќајна несреќа траел повеќе од пет часа. Во спасувањето на повредените биле вклучени и две противпожарни возила со осум пожарникари.

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија на официјалниот...

Администрацијата на Трамп отстрани 2000 војници на Националната гарда кои беа распоредени во Лос Анџелес

Администрацијата на Трамп соопшти дека ќе ја намали својата воена операција во Лос Анџелес со отстранување на половина од трупите на Националната гарда што беа распоредени во областа минатиот месец, поради...

Украина чека битни детали за оружјето вредно „милијарди долари“ ветено од Трамп

Украина чека дополнителни детали за американската воена опрема вредна „милијарди долари“ што ја вети Доналд Трамп, поради конфузија околу тоа колку системи за воздушна одбрана „Патриот“ ќе бидат испратени во Киев,...

Европскиот парламент размислува за целосна забрана за лобисти поврзани со Амазон

Европскиот парламент разгледува можност да ја прошири забраната за лобирање што веќе ја има воведено за лобистите на Амазон, така што ќе ги опфати и сите лобистички групи и организации кои...

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија...