fbpx
Таг: сообраќајна несреќа

таг: сообраќајна несреќа

40-годишен скопјанец загина во сообраќајка на патот Гостивар – Кичево

Четириесетгодишен скопјанец го загубил животот во сообраќајна несреќа која синоќа се случила на магистралниот пат Гостивар - Кичево, кај селото Колари, соопшти денеска Јавното обвинителство. Несреќата се случила кога во С.А. удрило комби со скопски регистарски таблички, што го управувал 52-годишен жител на Скопје. „Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога сега починатото лице излегло од автобус со кој патувало од...

АВРМ: Возилото што го возел Спасов e отстапено на Министерството за труд

Агенцијата за вработување (АВРМ) во врска со сообраќајката што пред два дена ја направи дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, соопшти дека во 2015 година АВРМ го отстапила возилото на Министерството за труд и социјална политика. „Во октомври 2015 година меѓу Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување е склучен договор со кој Агенцијата...

Возач прегазил жена и побегнал од местото на настанот

Возач кој управувал со возило марка „бе-ем-ве“ со тетовски регистерски ознаки, синоќа прегазил жена на патот Охрид - Скопје, кај селото Горенци, и избегал од местото на настанот, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Од здобиените повреди, на самото место починала Ќание А.(74) од Охрид. Нејзината смрт е констатирана од лекар од итна медицинска помош. Сообраќајната незгода се случила кога возило марка...

Двајца бегалци прегазени пред  бегалскиот камп Ореокастро во Солун

Нова бегалска трагедија се случи во бегалскиот центар Ореокастро во Солун. Една Сиријка и нејзиното малолетно дете загинаа во сообраќајна несреќа, кога возилото на грчки возач удри во нив на патот надвор од бегалскиот камп. Полицијата веднаш го приведе и го уапси 76-годишниот возач, а неколку моменти пред апсењето, човекот успеа за влакно да избегне линч од групата гневни...

Во сообраќајна несреќа на патот Штип – Радовиш едно лице потешко повредено

Вчера, во 16.10 часот, на магистралниот пат Штип – Радовиш, се случила сообраќајна несреќа при разминување на влекач „даф“ со кумановски регистарски ознаки и приклучна полуприколка „шмитз“ управувана од Н.А.(1977) од Куманово и автомобил „мерцедес Е-220“ со струмички регистарски ознаки сопственост и управуван од З. М. (1968) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди, кома со крварење во черепна...

Си ја прегазил сопругата со семејното возило

Жител од струшкото село Враништа, си ја прегазил 62-годишната сопругата М.Ш. со семејното возило. Несреќата се случила во струшкото село Радожда, каде сопружниците биле на посета кај свој пријател. На враќање, сопругот најнапред не можел да го стартува автомобилот марка „фиат“. Сопругата и пријателот почнале да го туркаат возилото по угорнина, но во еден момент на возилото му откажале сопирачките, почнало да...

Македонски државјанин загина во сообраќајка меѓу македонски автобус и шлепер во Турција

Едно лице загинало, а неколку се повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска во Турција, меѓу шлепер и автобус од Македонија, јавуваат турските медиуми. Според првичните информации, несреќата се случила на автопатот во близина на градот Малкара. По судирот, автобусот со скопски регистарски таблички се заглавил во шлеперот со турски таблички, при што бил влечен уште стотина метри. Повредените патници биле...

Момче загинало на Водно во сообраќајка со мотоцикл

Дваесет и две годишно момче загинало на локалниот пат Скопје - Средно Водно откако синоќа, околу 23.15 часот, управувајќи мотор удрило во метални еластични браници. Скопјанецот, роден 1994 година, управувал мотоцикл марка „сузуки 750“. Момчето било префрлено во Ургентен центар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и по извесно време им подлегнало на повредите.

Автомобил усмрти пешак во Ѓорче Петров

А.М.(1990), управувајќи автомобил „цитроен Ц4“ со гостиварски регистарски ознаки удрил во пешакот В.Ч (1967) на улица Ѓорче Петров кај „Бау маркет“. По сообраќајната несреќа што се случила синоќа, пешакот бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде што им подлегнал на повредите. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Поднесено обвинение против возачите на „аудито“ и на автобусот за сообраќајката кај Удово

Гевгелиското Основно јавно обвинителство до судот доставило обвинителен предлог против две лица, кои се товарат за предизвикување на сообраќајната несреќа што на 3 август се случи на патот Удово - Демир Капија, а во која животите ги загуби брачен пар, а нивниот 7-годишен син беше тешко повреден, соопштија денеска од Јавното обвинителство. Според Обвинителството, за несреќата обвинети се српскиот државјанин...

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа во близина на Пештани, Охридско

Две лица, кое се превезувале на мотоцикл, загинаа во сообраќајна несреќа која вчера попладне по 18 часот, се случи во близина на селото Пештани, Охридско, на патот над хотелот „Десарет“. До несреќата, според полициските информации, дошло кога мотоциклот, со странски регистарски таблички, на кој се превезувале двајцата настрадани, од засега непознати причини, директно удрил во комби, марка „фолксваген“, движејќи се...

Отворен патот Удово – Демир Капија, сообраќајот и понатаму тече бавно и во колони

По неколкучасовниот вонреден режим, попладнево, околу 16 часот, повторно е нормализиран сообраќајот на магистралниот пат А1, на делницата Удово - Демир Капија, информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Поголемиот дел од денот сообраќајот на оваа делница се одвиваше по една коловозна лента, а утрото беше во целосен прекин поради тешката сообраќајната несреќа, во која животот го загуби брачен пар, а...

Удово – Демир Капија сè уште тешко прооден – километарски колони поради сообраќајката

Километарски колони и подолги задржувања има на магистралниот пат А1, кај местото Света Петка, на делницата Удово - Демир Капија, каде утрово се случи тешка сообраќајна несреќа, во која животот го загуби брачен пар, а нивниот седумгодишен син е во критична состојба. Од АМСМ за „Мета“ велат дека сообраќајот во моментов се одвива по една сообраќајна лента и наизменично се...

Детето од сообраќајката кај Удово во критична состојба, соопшти Обвинителството

Седумгодишното момче, чии родители утрово загинаа во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Удово - Демир Капија, е префрлено на скопските клиники и се наоѓа во критична состојба, соопшти попладнево Јавното обвинителство. Во сообраќајната несреќа, како што информираат оттаму, учествувале три возила, а во несреќата повредена е и германска државјанка, која била сопатничка во едно од возилата. Таа, со потешки повреди...

Брачен пар загинал во сообраќајката на патот Удово – Демир Капија

Браничен пар го загубил животот во сообраќајната несреќа што утрово се случила на патот Удово - Деми Капија, неофицијлано велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи. Првично беше соопштено дека во несреќата загинала жена, која била сопатничка во возилото „фиат сеиченто“, кое утрово, околу 7.20 часот, се судрило со автобус на „Струмица експрес“. Во возилото, како што дознаваме, било и седумгодишното...

Жена загина во сообраќајка на патот Удово – Демир Капија

Една жена го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила на патот Удово - Демир Капија, кој е затворен за сообраќај. Сообраќајната несреќа се случила во 7.30 часот, кај местото Света Петка, кога патничко возило „фиат сеиченто“, со скопски регистарски таблички, удрил во автобус на „Струмица експрес“. Во несреќата Б.П., која била сопатник во автомобилот, починала на самото место. Екипа на МВР...

Наредена обдукција на починатото момче од сообраќајката кај Рампа

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје утрово издал наредба до Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје за обдукција на телото на 22-годишниот мотоциклист С.А., кој им подлегна на повредите по тешката сообраќајна несреќа што се случи во средата во Кисела Вода кај Рампа. Покрај ова, обвинителството ја очекува комплетната документација за сообраќајната несреќа...

Почина момчето повредено во сообраќајката кај Рампа во Кисела Вода

Стојанчо Андонов, 22-годишното момче што беше повредено од сообраќајката кај Рампа во Кисела Вода, утринава во 7.30 часот им подлегна на повредите. Момчето од Сингилиќ пет дена беше приклучено на апарати и се бореше за живот. Дејан Митровски – Урко, поранешниот шеф на обезбедувањето на експремиерот и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го управувал автомобилот марка „бмв“, кој пред пет...

16-годишник од Гостивар усмрти мотоциклист

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера, околу 2.30 часот, во близина на зградата на судот во Гостивар. Автомобил марка „голф“, кој бил управуван од 16-годишниот Б.А., удрил во мотоциклист управуван од 31-годишниот М.Б., при што М.Б. добил тешки телесни повреди и починал на местото на несреќата. Возачот на „голфот“ и неговите тројца сопатници, како и сопатникот...

Дејан Митровски – Урко го возел „бмв-то“, стои во записникот од сообраќајката во Кисела Вода

Дејан Митровски - Урко, поранешниот шеф на обезбедувањето на експремиерот и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го управувал автомобилот марка „бмв“, кој ноќеска учествувал во сообраќајната несреќа во Кисела Вода, во која тешко е повреден 22-годишен мотоциклист. Ова го покажува записникот од сообраќајката, што денеска го објави порталот „Нова ТВ“. Од записникот може да се види дека сообраќајката се...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...