fbpx

Започна судењето против возачот кој ја прегази студентката кај Универзална сала

-

Денеска во Основниот суд Скопје 1 започна судењето на Љ.В. осомничен за сообраќајната несреќа на булеварот Партизански одреди кај Универзална сала, во која животот го загуби студентката Фросина Цековска од Крива Паланка.

Љ.В. се товари дека сторил две кривични дела „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.

– Од страна на Обвинителството до Основниот суд доставени се предлог-докази во насока на потврдување на основаноста на поднесениот обвинителен акт. Предложени се докази по однос на утврдување на идентитетот на сторителот, како и докази по однос на релевантни околности од кои Судот ќе може да се увери и надвор од секое разумно сомневање ќе донесе осудителна пресуда со која обвинетиот ќе го огласи виновен за кривичните дела за кои се товари – вели Наташа Гоџоска, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство – Скопје

Во текот на главната расправа ќе бидат презентирани неколку вештачења за сторените конкретни пропусти во сообраќајот како неприлагодена и неприспособена брзина и утврдениот процентот на алкохол кај сторителот во моментот на случување на сообраќајната несреќа.

Ќе биде презентиран и судско-медицински извештај од обдукцијата на загинатата Фросина Цековска, од кои ќе може да се утврди причинско-последичната врска на сообраќајната несреќа со смртниот исход. Освен ова, предложено е и испитување на сведоци – очевидци на настанот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Костал Македонија“ ќе вложи 50 милиони евра во фабрика за полначи на електрични возила

„Костал Македонија“ ќе инвестира нови 50 милиони евра во изградба на фабрика за производство на полначи за електрични и хибридни возила во периодот од јули 2023 до декември 2026...
Download Nulled WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Nulled WordPress Themes
lynda course free download
download lava firmware
Download Premium WordPress Themes Free
free download udemy course