fbpx

Сообраќајна несреќа во Србија, едно лице загина

-

Едно лице загина, а повеќе од 80 се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи утринава околу 4.10 часот кај Бубањ Поток, кога се превртел двокатен автобус, пишува српски „Блиц“.

Меѓу повредените има и 13 деца, а едно дете, на возраст од две и пол години, е примено со тешки повреди и е во животна опасност.

Несреќата се случила на автопатот Ниш – Белград, по клучката пред Врчин, кога автобусот ја пробил банкината и излетал од патот.

Српската сообраќајна полиција сè уште не соопштува како дошло до несреќата, но се претпоставува дека автобусот се движел по средината на автопатот, за од непозната причина да помине во лентата за застанување, при што удрил во банкината.

Според првичните информации, починала девојка на 30-годишна возраст.

Автобусот превозувал 88 патници, а според неофицијалните податоци, речиси сите патници побарале лекарска помош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...