fbpx

На автопатот Штип-Скопје немало пукање и драма, туку сообраќајна несреќа

-

Наспроти објавата дека на 4 септември автопатот Штип-Скопје бил затворен поради пукотници, од МВР тврдат дека тоа не е вистина и дека во периодот од 19 до 19.30 часот автопатот бил затворен поради сообраќајна несреќа. Од МВР додаваат дека стојат на располагање за било какви информации од медиумите во иднина, со цел јавноста да биде навремено и точно информирана. Оттаму апелираат да не се шират дезинформации со кои се вознемирува јавноста, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се известува за настан кој воопшто не се случил. Во објавата пишува дека автопатот од Штип до Скопје бил затворен за сообраќај, а насловот на веста гласи: „Пукање и драма: Автопатот од Штип до Скопје бил затворен за сообраќај, ова се деталите”

Во написот се вели дека „на автопатот Штип-Скопје, по Свети Николе, попладнето на 4 септември годинава, имало пyкотници“.

Според нивните информации, додека полицијата вршела увид, сообраќајот бил затворен, по што се создала поголема редица од возила. На патот имало чаури од испуканите кypшyми. Според очевидците, на местото на настанот пристигнале неколку полициски возила. Се очекуваат детали од МВР, се вели во текстот.

Како извор на информацијата се цитира веб-порталот Фактор, кој во меѓувреме ја има избришано веста. Во архивата на агрегаторот Тајм.мк, може да се провери дека дезинформацијата ја објавиле уште три веб-портали, а потоа ја избришале.

Не е вистина дека на 4 септември попладнето, на автопатот од Штип до Скопје имало пукотници.

Од Министерството за внатрешни работи за Вистиномер велат дека на автопатот Штип-Скопје немало пукање во горенаведениот термин, наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, дека тој бил затворен поради пукање, по што наводно се создала поголема редица од возила.

Точната информација, според МВР, е дека автопатот во периодот од 19 до 19.30 часот бил затворен за сообраќај поради сообраќајна несреќа. Од МВР додаваат дека стојат на располагање за било какви информации од медиумите во иднина, со цел јавноста да биде навремено и точно информирана. Оттаму апелираат да не се шират дезинформации со кои се вознемирува јавноста.

Текстовите кои првично беа објавени, а кои можат да се прегледаат во пребарувачот на агрегаторот Тајм.мк се повлечени и веќе не постојат, но не се знае колку време тие биле во етерот и колку луѓе ја прочитале дезинформацијата. Во постот што го рецензираме, пак, преземената информација од друг портал не е избришана или обновена.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека на 4 септември попладнето на автопатот Штип-Скопје имало пукање. Во тој период имало сообраќајна несреќа, поради што патот бил затворен за сообраќај половина час.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...