fbpx

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот Свети Николе-Штип

Од МВР информираат дека сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „тојота лендкрузер“ со кочански регистарски ознаки и „шевролет калос“ со скопски регистарски ознаки

-

Тројца загинати е епилогот од денешната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Свети Николе-Штип во близина на наплатната рампа „Кадрифаково“. Како што информираат од МВР, незгодата се случила околу 12:30 часот на автопатот Штип-Миладиновци, недалеку од местото викано „Криви Дол“. Во несреќата загинале три лица на возраст од 15, 37 и 62 години.

Од МВР информираат дека сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „тојота лендкрузер“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.С.(29) од Кочани и „шевролет калос“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(44) од Скопје.

Во сообраќајната несреќа биле повредени неколку лица, и тоа двајцата возачи, Д.Х (34) како сопатник во возилото „тојота“ и уште еден малолетен сопатник од возилото „шевролет“, кои биле пренесени за укажување на лекарска помош во Клиничката болница Штип. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Штип.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре премиера на филмот „М“ на Вардан Тозија

Филмот „М“ на Вардан Тозија, дистописка приказна за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила, ќе го има своето премиерно киноприкажување...