четврток, 18 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Славјанка Петровска | 90 резултати

Македонија ќе ѝ донира на Украина 12 хеликоптери, купуваме осум нови

март 25, 2023

Македонската влада подготвува нов пакет на воена помош за Украина, која повеќе од една година се бори против воената агресија на Русија врз сувереноста и независноста на оваа земја. На следната владина седница ќе се достави предлог за донесување на одлука за донација на 12 хеликоптери за Украина, најави министерката за одбрана Славјанка Петровска во […]

Петровска: Делумно е симната тајноста на податоците за воената опрема донирана за Украина

март 15, 2023

Извршена е делумна декласификација на одлуките за донација на воена помош и опрема на Украина, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во вчерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21. Опремата била од источно производство и не се користела од АРМ, појасни таа. Зборувајќи за симнувањето на тајноста на дел од документите, Петровска рече […]

Петровска: Целта на хибридните напади е да предизвикаат паѓање на прозападните влади

март 15, 2023

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во емисијата Клик Плус на ТВ21 вчера зборувајќи за кибер-заканите и дојавите за поставени бомби во институциите истакна дека целта на овие хибридни закани, е да се предизвика пореметување на мирот и стабилноста на Балканот и да се внесе несигурност, страв и паника кај населението. „Најчесто целта на хибридните војни […]

Американски војници на „Криволак“ со хеликоптери вежбаа со припадници на АРМ

март 10, 2023

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД, Анџела Агелер денеска го посетија армискиот полигон „Криволак“, каде се изведе вежба со хеликоптери од типот „Black Hawk“ на копнените сили на САД, поддржани од припадници на Армијата, информираат од Министерството за одбрана. Министерката Петровска изрази задоволство што во изминатиот период полигонот „Криволак“ се користи од […]

Петровска: Во 2012 имало само една жена полковничка, денеска имаме седум

март 6, 2023

Долги години, за жал, владееја стереотипите дека безбедносниот сектор, особено високите раководни позиции, се резервирани исклучиво за мажите. Но, со нашата упорност, истрајност и мудрост успеавме тоа да го промениме. Ова го истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска во своето обраќање на конференцијата насловена „Униформа, оклоп кој значи ранливост – нашата секојдневна борба на два […]

Пред годишнината од инвазијата, Славјанка Петровска од Кијив искажа поддршка за Украина

февруари 22, 2023

На два дена пред одбележувањето на годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина, македонската министерка за одбрана Славјанка Петровска од Кијив искажа поддршка за одбрана на сувереноста и независноста на Украина. Министерката Петровска денеска се сретна со нејзиниот украински колега, Олексиј Резников, информираат од Министерството за одбрана. „Jа изразувам мојата почит и поддршка кон […]

Министерката за одбрана Петровска е во Украина во знак на поддршка на украинскиот народ

февруари 22, 2023

Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово пристигна во Украина, во знак на поддршка на украинското лидерство и украинските граѓани во борбата за одбрана на својата земја и зачувување на својот суверенитет. Како што соопштија од нејзиниот кабинет, таа во Украина при средбите со претставници на официјален Киев ќе го пренесе ставот кој Северна Македонија го […]

Граѓани, институции, градоначалници од земјава праќаат помош за настраданите во Турција и Сирија

февруари 7, 2023

Додека Светската здравствена организација прогнозира дека дури 23 милиони луѓе може да бидат погодени од разорните земјотреси во Сирија и во Турција, светот се мобилизира и веќе започна да испраќа помош за тамошното настрадано население. Во силните вчерашни земјотреси загинаа повеќе од 5.000 лица, а илјадници се повредени. На социјалните мрежи постојано се објавуваат видеа […]

Преку лажна фотографија се манипулира дека министерката Петровска оди на фитнес и злоупотребува службено обезбедување

јануари 8, 2023

Објавата предизвика голем број негативни реакции и коментари во кои се омаловажува Петровска. Вистиномер ја провери веродостојноста на споделената фотографија преку апликацијата Тин ај и истата ја најдовме на Шутерсток, и тоа во повеќе верзии. Шутерсток е платфрома која нуди фотографии за продажба. Таму се потврди и дека фотографијата која е споделена во постот нема никаква […]

Нови 200 професионални војници во редовите на македонската армија

декември 28, 2022

Бидете горди што станувате дел од институција која функционира како едно семејство кое не препознава пол, вера, етничка припадност, институција која е најпочитувана, најценета, им порача министерката за одбрана Славјанка Петровска, на новите 200 професионални војници кои денеска станаа дел од Армијата. Петровска кажа дека македонската армија е силна, опремена и способна да одговори на […]

Македонскиот буџет за одбраната догодина ќе се зголеми за над 24 отсто

декември 21, 2022

Македонскиот буџет за одбрана во 2023 година ќе изнесува 274 милиони евра и ќе биде зголемен за 24,45 отсто во споредба со годинешниов буџет, односно државата за одбраната ќе издвои 1,85 отсто од БДП. Ова денеска го соопштија премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска. Предложениот буџет на одбраната и во 2023 година […]

Петровска: Дијалогот кој го промовира Северна Македонија дава надеж за целиот регион

декември 2, 2022

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска во Кремс учествуваше на министерскиот состанок на Централноевропската одбранбена соработка и земјите од Западниот Балкан, на кој стана збор за европската перспектива на земјите од регионот, процес кој е исклучително важен особено во денешната безбедносна реалност на европскиот континент. „Овие времиња на предизвици претставуваат и една уникатна можност за […]

Петровска негира дека имала проблем да обезбеди војници за борбените групи на НАТО во Романија и Бугарија

ноември 2, 2022

За изнесените тврдења во објавата, дека имало притисок од НАТО офицери на САД врз министерката за одбрана, Славјанка Петровска поради тоа што наводно не можела да обезбеди илјада војници од АРМ да се вклучат во Бугарија и Романија, не се посочува ниту еден извор, ниту, нечија изјава, ниту, пак, поблиску се лоцира од каде потекнува […]

На „Криволак“ претставена британската донација за брза обука на Армијата

октомври 26, 2022

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон и министерката за одбрана Славјанка Петровска, денеска на полигонот „Криволак“ присуствуваа на примопредавањето на британска донација, што вклучува 14 мобилни единици, за обука за припадниците на Армијата во урбана средина. „Промоција на британска донација од 14 комплексни мобилни […]

Сатирична објава за непостоечки разговор предизвика лавина навреди за министерката Петровска

септември 13, 2022

Сатиричниот текст почнува со тоа дека „во последниот телефонски повик, министерката за одбрана му дала ветување на Зеленски дека Русија и Путин ќе бидат поразени, а тој плачел додека зборувал по телефон, нарачал воена артилерија како помош од Северна Македонија“. Наводниот разговор, уште пред да се прочита докрај, е јасно дека е невистинит, но и […]

Ковачевски: Стратешките комуникации се најсилното оружје против дезинформациите

септември 7, 2022

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски смета дека стратешките комуникации имаат најважна улога во борбата против дезинформациите и доспевот на точните и проверени информации до граѓаните. Ова тој го истакна во своето обраќање на денешната НАТО конференција за комуникатори, која се одржува во Скопје додавајќи дека борбата со дезинформациите е приоритет на кој Владата работи меѓу-секторски, но […]

Северна Македонија ќе биде домаќин на НАТО конференцијата за комуникатори

септември 5, 2022

Северна Македонија прави значајни чекори напред во сферата на стратегиските комуникации – во финална фаза на донесување е Политиката за стратегиски комуникации која ги поставува основите што за нас значат стратегиските комуникации и целта да бидеме максимално транспарентни, истакна министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на вчерашниот брифинг со новинарите, на кој беше најавена НАТО Конференцијата […]

АРМ го одбележа својот триесетгодишен јубилеј

август 18, 2022

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на централната свеченост, што по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија и јубилејот „30 години Армија“, се одржа во касарната „Илинден“ во Скопје. Во рамки на централната свеченост, тој ги одликуваше првиот министер за одбрана, Трајан Гоцевски, Логистичката база при Армијата и Организацијата на […]

Воената донација за Украина нема да ја наруши борбената готовност на Армијата

август 15, 2022

Владата на РСМ има три донесени одлуки за донации за Украина, но од безбедносни причини тие се класифицирани како информации. Воената опрема и вооружувањето како донација за Украина, вклучувајќи ги и тенковите Т-72, се донесени како одлука со претходна консултација со Генералштабот на Армијата. Министерката за одбрана, Славјанка Петровска додава дека донацијата за Украина на […]

Северна Македонија ќе донира тенкови на Украина

јули 29, 2022

Министерството за одбрана и Армијата на С. Македонија потврдија дека ќе се донираат тенкови на Украина. Се работи за тенкови од третата генерација. Засега не се знае колку тенкови ќе бидат донирани. „Согласно донесените одлуки од страна на Владата, Република Северна Македонија во неколку наврати донираше воена опрема за Украина во согласност со нивните барања […]

Страна 3 од 5