fbpx

Петровска: Делумно е симната тајноста на податоците за воената опрема донирана за Украина

Донациите се состојат во пешадиско вооружување и муниција, артилерска опрема, тенкови, воздухоплови или познатите авиони Сухои, средства и опрема за водење на противоклопна борба, опрема за противвоздушна одбрана, опрема и муниција на военото воздухопловство, како и интендантски материјални средства, вели Петровска

-

Извршена е делумна декласификација на одлуките за донација на воена помош и опрема на Украина, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во вчерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21.

Опремата била од источно производство и не се користела од АРМ, појасни таа. Зборувајќи за симнувањето на тајноста на дел од документите, Петровска рече дека тоа е ветување дадено во јавноста што вчера било исполнето.

Министерката информираше дека симнувањето на тајноста се однесува на видот опрема која е подарена со шест одлуки за донација на воена помош за Украина.

„Донациите се состојат во пешадиско вооружување и муниција, артилерска опрема, тенкови, кои веќе еднаш ги потврдивме, воздухоплови или познатите авиони Сухои, средства и опрема за водење на противоклопна борба, опрема за противвоздушна одбрана, опрема и муниција на военото воздухопловство, како и интендантски материјални средства“, изјави министерката за одбрана Петровска.

На прашањето дали станува збор за нова опрема, министерката за одбрана Славјанка Петровска истакна дека станува збор за опрема од источно производство и дека истата не била дел од формацијата на македонската армија.

„Она што е особено важно е дека таа не претставува дел од формацијата на армијата, односно не придонесува за гарантирање за борбената готовност на нашата армија. Односно, со донирањето на сета претходно донирана опрема, вклучително и она што денеска го дониравме, не се нарушува борбената готовност на нашата армија“ истакна Петровска.

Во однос на посетата на Украина, министерката рече оти со свои очи се уверила во огромните уништувања на цивилната инфраструктура, за уништените училишта, градинки и домови, но и за желбата, енергијата и оптимизмот кај украинскиот народ и власти да не се предаваат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...