Северна Македонија ќе биде домаќин на НАТО конференцијата за комуникатори

-

Северна Македонија прави значајни чекори напред во сферата на стратегиските комуникации – во финална фаза на донесување е Политиката за стратегиски комуникации која ги поставува основите што за нас значат стратегиските комуникации и целта да бидеме максимално транспарентни, истакна министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на вчерашниот брифинг со новинарите, на кој беше најавена НАТО Конференцијата за комуникатори што неделава ќе се одржи во Скопје.

„Со овој документ, кој е комплементарен на НАТО Политиката за стратегиски комуникации, ги дефинираме и учесниците во овој процес, нивната меѓуповрзаност и нивните одговорности. За нас како НАТО Алијанса е исклучитечно важно да го разбереме местото на стратегиските комуникации во одбраната и да создадеме систем кој ќе овозможи овие стратегиски комуникации да бидат ефикасни и ефективни“, истакна Петровска.

Петровска посочи дека очекува отворена интелектуална, политичка и стратегиска дебата од која треба да произлезат идеи и практични решенија за голем број отворени прашања од областа на стратегискките комуникации, како алатка на лидерите и како поддршка во напорите на Алијансата за „одбрана и одвраќање“ на сите потенцијални безбедносни предизвици.

Директорот за комуникации во Здружената оперативна команда, Џеј Џензен, истакна дека 30 земји членки на НАТО на конференцијата ќе го демонстрираат единството и кохезијата на земјите-членки на Алијансата.

„Важно е да се каже дека ние сме тука како меѓународна организација која што го почитува нашиот основачки документ, Вашингтонскиот договор, во кој што се кажува дека ние сме една одбранбена алијанса која што го почитува меѓународното право и меѓународниот поредок“, истакна Џензен на вчерашниот брифинг.

Од Министерството за одбрана информираа дека на НАТО Конференцијата во Скопје ќе се разговара за информациските активности за време на руската агресија врз Украина, новиот Стратешки концепт на Алијансата и дигиталните комуникации.

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда за 59...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда...