Преку лажна фотографија се манипулира дека министерката Петровска оди на фитнес и злоупотребува службено обезбедување

Фото: Принтскрин

Објавата предизвика голем број негативни реакции и коментари во кои се омаловажува Петровска. Вистиномер ја провери веродостојноста на споделената фотографија преку апликацијата Тин ај и истата ја најдовме на Шутерсток, и тоа во повеќе верзии. Шутерсток е платфрома која нуди фотографии за продажба. Таму се потврди и дека фотографијата која е споделена во постот нема никаква врска со министерката за одбрана, бидејќи во дел од верзиите на фотографиите се гледа и ликот на жената, пишува Вистиномер.мк.

 

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Пост на Фејсбук манипулира со објавување погрешни информации за министерката за одбрана Славјанка Петровска. Постот споделува фотографија на која се гледа жена која вежба во фитнес центар на лента за трчање. Во објавата дополнително се тврди дека Петровска за да оди во фитнес центарот користела службено возило и службено обезбедување.

Цаца ставена на брза трака!
Проблемот е што за да појде до фитнес центарот користи службено возило + службено обезбедување!
За тоа што работното време на фитнес центарот е од 12 до 22 часот, а Цаца оди во 8 наутро е друга тема!, се вели во објавата која ја анализираме.

Објавата предизвика голем број негативни реакции и коментари во кои се омаловажува Петровска.

Вистиномер ја провери веродостојноста на фотографијата преку апликацијата Тин ај и истата ја најдовме на Шутерсток, и тоа во повеќе верзии.

Фото: Принтскрин, Шутерсток
Фото: Принтскрин, Шутерсток
Фото: Принтскрин, Шутерсток

Шутерсток е платформа која нуди фотографии за продажба. Оттаму, може да се потврди дека фотографијата која е споделена во постот нема никаква врска со министерката за одбрана, бидејќи во дел од верзиите на фотографиите се гледа и ликот на жената.

Фото: Принтскрин, Шутерсток

Употребата на оваа фотографија е манипулативна. Се прави обид сосема друго лице да се претстави како да е министерката за одбрана, Славјанка Петрова, односно се злоупотребува контекстот во кој е објавена фотографијата (за илустративни потреби), а овде се користи со цел да се даде погрешен идентитет на лицето од фотографијата или, во најмала рака, да се сугерира дека станува збор за македонската министерка за одбрана. Никаде не се наведува дека фотографијата е илустрација. Токму затоа и во коментарите оние што ја коментираат фотографијата сметаат дека станува збор за министерката за одбрана, со што се измамени.

Што се однесува до тврдењето во постот дека министерката Петровска, за сопствени потреби, во случајов одење во фитнес сала, користи службено возило и службено обезбедување, тоа не претставува никаков проблем, како што се наведува во објавата. Имено, согласно Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, министерката за одбрана е под постојано обезбедување.

Во делот на Уредбата кој се однесува на личности кои се обезбедуваат, во членот 4 се наведува:

Од страна на Министерството за внатрешни работи со редовни, вонредни и посебни
мерки и активности постојано се обезбедуваат следниве личности:

– Претседателот на Република Македонија;
– претседателот на Собранието на Република Македонија;
– претседателот на Владата на Република Македонија;
– замениците на претседателот на Владата на Република Македонија;
– министерот за внатрешни работи;
– министерот за одбрана;
– министерот за надворешни работи и
– директорот на Бирото за јавна безбедност и директорот на Управата за безбедност и
контраразузнавање во Министерството за внатрешни работи.

Од страна на Министерството за внатрешни работи со редовни мерки и активности за
обезбедување се обезбедуваат и членовите на потесното семејство на Претседателот на
Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија и
претседателот на Владата на Република Македонија.

Под членови на потесното семејство на личностите кои се обезбедуваат од ставот 2 на
овој член во смисла на оваа уредба се подразбираат брачниот другар и децата до навршена
21 година живот

Поради сето ова заклучуваме дека постот што го анализираме има сериозен капацитет да ги измами корисниците на социјалната мрежа зашто му недостига контекст. Во постот, ако веќе се сакало да се употреби оваа фотографија како илустрација, требало јасно да се каже токму тоа, дека фотографијата е само илустративна и дека на неа не е министерката за одбрана. Исто така, не постои проблем доколку министерката била во фитнес сала и притоа отишла со службено возило и службено обезбедување, бидејќи, согласно законските процедури ии прописи, таа мора да биде обезбедувана 24 часа.