среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: симба | 15 резултати

[Видео] Црногорските власти го најдоа пребеганото лавче близу Будва

февруари 10, 2022

Црногорските власти и волонтери по еднодневна потрага го пронајдоа лавчето кое неколку дена се шеташе низ шумите близу Будва. Бојан Башановиќ од црногорската Агенција за заштита на животната средина кој беше надлежен за потрагата за Мета.мк изјави дека лавчето било видно исцрпено кога го заловиле до стара куќа на пат кон селото Крапина и дека […]

Скоро две децении државата никако да го основа центарот за згрижување на диви животни

декември 11, 2021

Иако концептот за правата на животни обично се поврзува со заштита и благосостојба на домашни животни, еднакви права имаат и дивите животни. Нивната заштита е предвидена со Законот за заштита на природата, каде се предвидува заштита на биолошката разновидност која ја сочинуваат и дивите животни и Законот за ловство, а и Кривичниот законик. Сепак, поразителен […]

Полицијата во Чегране откри мини зоолошка градина со диви животни без соодветна дозвола

ноември 20, 2021

Во угостителски објект во тетовското село Чегране денеска е пронајдена мини зоолошка градина со диви животни без соодветна дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 20.11.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција –  Секторот за општ и насилен криминал, во содејство со Оддел за специјални полициски операции, СВР Тетово, […]

Српска зоолошка градина истражува сигурносни снимки по објавата на Мета за лавчето Симба (фото)

ноември 3, 2021

Зоолошката градина во Палиќ, на северот во Србија ќе ги анализира снимките од безбедносните камери во близина на кафезите со лавови откако по написот на Мета.мк за лавчето Симба, новинарите од редакцијата Суботичке.рс алармираа дека можеби лавчето потекнува токму од таа зоолошка, потврди за Мета.мк в.д. директорката на оваа институција Соња Мандиќ. Во ЗОО Палиќ, летово […]

Полицијата сè уште го бара лавчето Симба: Кај еден од осомничените запленети се препариран тропски мајмун и лебед

октомври 9, 2021

Полицијата сè уште не го најде лавчето Симба. Според информациите кои Мета ги доби од Основното јавно обвинителство при претрес кај лицето чии фотографии со лавчето беа објавени, не е пронајдено дивото животно. Министерството за внатрешни кое по насоки на Основното јавно обвинителство Куманово го лиши од слобода кумановецот С.А.(31) презема дејствија за пронаоѓање и […]

На патиштата 505 несреќи се случиле за помалку од 3 години заради животни, експертите бараат мерки

октомври 9, 2021

Несреќата со мечката што пред неколку дена загина на автопатот Скопје – Тетово повторно го актуализира прашањето колку се небезбедни јавните патишта за животните и за возачите. Земајќи предвид дека во период од 2019, 2020 и 2021 според информациите на МВР се случиле 505 сообраќајни несреќи кои биле предизвикани од животни, експертите препорачуваат изградба на […]

Активистите за заштита на правата на животните стравуваат дека Симба го чека евтаназија

октомври 7, 2021

Поминаа повеќе од десет дена откако Мета, по апелот на активистката за заштита на правата на животните Тина Мицковска, објави дека лавчето Симба заврши во рацете на кумановци. Сепак, и покрај тоа што полицијата го уапси С.А.(31) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено ловење, чување и отуѓување на диви […]

Полицијата приведе кумановец за случајот со фотографиите од лавчето Симба

октомври 6, 2021

По веста која ја објави Мета дека кумановци во скапи автомобили и луксузни вили го шетаат лавчето Симба полицијата приведе едно лице против кое е поднесена кривична пријава за чување и отуѓување на диво животно. „На 05.10. 2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ криминал во координација со полициски службеници […]

Државниот инспекторат за животна средина не го пронајде лавчето Симба во „Парк Хотел“

октомври 1, 2021

Во координација со надлежните институции инспектори од Државниот инспекторат за животна средина само што заврши со инспекција во објектот на „Парк Хотел“ покрај кејот на Вардар. Надлежниот инспектор кој бил на увид во овој скопски хотел со пет ѕвездички за Мета изјави дека лавчето Симба не се наоѓа на оваа локација. „Увидот само што заврши […]

Закани по живот за активистката што јавно укажа на шверц со лавови во земјата

октомври 1, 2021

Активистката за правата на животните Тина Мицковска, објави дека добива закани по нејзиниот живот откако јавно го обелодени случајот со фотографиите од лавчето Симба и повика на одговорност. Таа на нејзиниот профил на Фејсбук објави дека стравува за нејзиниот живот, но нема да се откаже од борбата да се расветли случајот со малите лавчиња. Сепак […]

(ФОТО) Како Симба дојде кај кумановци: Постои ли шверц со диви животни во земјава?

септември 30, 2021

Последните неколку денови на социјалните мрежи се појавуваат фотографии и видеа на кои се гледаат мажи и жени, па дури и деца кои позираат со мало лавче. Овој тренд на позирање со лавче кое не е постаро од три месеци во луксузни автомобили, вили и хотели, во јавноста го обелодени портпролката на Зоолошката градина Скопје, […]

Страна 1 од 1