fbpx

Шумското стопанство Војводина алармира: Црн пантер шета околу Апатин

-

Откако жителите на селото Сонта во српската општина Апатин пронашле невообичаено голем отпечаток од шепа што не може да се припише на ниту едно локално животно, Јавното претпријатие Војводина шуми издаде предупредување дека на територијата на општина Апатин се појавил на црн пантер.

„Јавното претпријатие Шумско стопанство Војводина, подружница на ШГ „Сомбор“ ги известува сите сограѓани дека во атарот на општина Апатин е забележан црн пантер (леопард)“, наведено е во известувањето.

„Предаторот е исклучително опасен и апелираме до граѓаните да се грижат за себе и за своите најблиски. Доколку некој забележи црн пантер, потребно е веднаш да ја извести надлежната полициска станица“, апелираат од Војводина шуми.

Ова соопштение е доставено и до ловечките друштва кои сега трагаат по пантерот. Но, ловџиите од Ловечкото друштво „Фазан“ за РТВ Војводина велат дека сè уште не го забележале.

Михајло Личина, ловочувар од ловечки клуб од Сонта, кој го пронајде отисокот од шепа смета дека поради големината не може да му се припише на ниту едно локално животно, било тоа диво или питомо, пишува Дневник.

„Отисокот е стар неколку дена, а дали е токму отпечатокот на предаторот за кој зборуваат очевидците, не би се осмелил да кажам. Отисокот е преголем за да му припаѓа на најголемото познато куче или на некое од локалните диви животни како шакал или рис, но не можеме да бидеме 100 проценти сигурни дека го оставило животно како леопард. Само ако и кога веднаш го забележиме, по овие основи ќе можеме да го потврдиме неговото постоење“, заклучи Личина.

Српските власти, како што пренесе Суботичке.рс, веруваат дека станува збор за истото животно за кое кон крајот на минатата година известија унгарските медиуми, откако го забележаа на сигурносни снимки во близина на границата со Србија.

Сличен случај неодамна се случи и во Црна Гора. Летово, Агенцијата за заштита на животната средина на Црна Гора информираше дека по пет месеци престој во оваа земја, лавчето Симба кое беше заловено додека се шеташе во околината на Будва заминува најпрво во Холандија, а штом ќе зајакне, ова диво животно ќе замине во големото прифатилиште на организацијата „Four Paws“ во Африка.

Црногорската полиција поради основан сомнеж дека учествувале во нелегално внесување на животни во Црна Гора уапси три лица.

Црногорските власти го праќаат во Холандија лавчето Симба што се шеташе низ шумите на Будва

Инаку, во септември минатата година и во Македонија се појави случај, во кој лавче кое исто така беше наречено Симба стаса во рацете на кумановци.

По серијата текстови кои Мета.мк ги објави трагајќи по оваа егзотично диво животно, во октомври полицијата приведе едно лице против кое беше поднесена кривична пријава за чување и оттуѓување на диво животно. Но, до денес надлежните не нѝ одговорија на прашањето каде е Симба во моментов и дали воопшто го пронајдоа.

(ФОТО) Како Симба дојде кај кумановци: Постои ли шверц со диви животни во земјава?

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...