(ФОТО) Како Симба дојде кај кумановци: Постои ли шверц со диви животни во земјава?

-

Последните неколку денови на социјалните мрежи се појавуваат фотографии и видеа на кои се гледаат мажи и жени, па дури и деца кои позираат со мало лавче.

Овој тренд на позирање со лавче кое не е постаро од три месеци во луксузни автомобили, вили и хотели, во јавноста го обелодени портпролката на Зоолошката градина Скопје, Тина Мицковска.

Таа на Фејсбук објави неколку видеа и повика да се пријават овие споделувања и постови бидејќи трговијата и нелегален шверц со диви животни во земјава е забранета со закон.

Мицковска, исто така, предупредува дека не само овде, туку низ цела Европа има ригорозни казни и законите предвидуваат повеќе години затвор за тој што ќе биде фатен со ваков вид на животно.

„Повеќе познати скопски фаци, меѓу кои и сопственик на луксузен хотел во Скопје се сликале со лавчe. Лавчиња очигледно има и во Куманово, не е само едно“ вели Мицковска.

Дополнителното пребарување на Мета на социјалните мрежи, покажа дека сопственик на извесен профил на Тик Ток се пофалил дека лавчето кое тој го објавува било именувано како Симба.

Новинарите на Мета стапија во контакт со господинот кој фотографиите ги објавил на Тик Ток и тој негираше дека лавчето од неговите видеа било на територија на Северна Македонија.

„Јас лавчето го видов во Косово во Гњилане во ресторанот ‘Маја е зез’ каде што има уште еден голем лав. Сопственикот на ресторанот ми го даде да го повозам“, рече тој.

Но, вработените во косовскиот ресторан, телефонски негираа дека имаат мал лав.

„Ние сè уште го чуваме големиот лав Џони кој веќе со години е кај нас и ќе остане тука додека институциите најдат соодветно решение за него, ама мал лав воопшто немаме“, ни рекоа од комплексот ‘Маја е зез’.

Покрај тоа, фотографии од лавче на социјалните мрежи објавила и жена од Куманово, која на својот профил на Фејсбук се изјаснила како вработена во Министерството за култура.

Таа на 26-ти овој месец објавила повеќе фотографии на кои се гледа како држи и милува мало лавче. Дел од фотографиите со лавчето, на кои се гледаа и деца беа отстранети од социјалната мрежа пред објавата на овој напис.

Иако Мета побара одговор од Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и Државниот инспекторат за животна средина, сè уште нема повратна информација од надлежните како ова лавче влегло во земјава.

Во меѓувреме, покрај Тина Мицковска реагираше и здружението Анима мунди-здружение за заштита на животни. Тие ги повикаа надлежните министерства итно да го расветлат случајот и да ѝ соопштат на јавноста кој дозволил влез во државата на младеничиња од лав.

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Нема пари да се доврши Студијата за валоризација – заштитата на Демир Капија е неизвесна

Министерството за животна средина нема предвидено пари во буџетот за ова година за довршување на Студијата за валоризција на подрачјето на Демир Капија, за кое пред три години беше поведена иницијатива...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот...