Полицијата сè уште го бара лавчето Симба: Кај еден од осомничените запленети се препариран тропски мајмун и лебед

Фото: принтскрин-социјални мрежи

Полицијата сè уште не го најде лавчето Симба. Според информациите кои Мета ги доби од Основното јавно обвинителство при претрес кај лицето чии фотографии со лавчето беа објавени, не е пронајдено дивото животно.

Министерството за внатрешни кое по насоки на Основното јавно обвинителство Куманово го лиши од слобода кумановецот С.А.(31) презема дејствија за пронаоѓање и за утврдување на начинот на кој лавчето било донесено во државата.

„По добиени сознанија извршен е претрес и кај друго лице, каде се пронајдени препарирани диви животни – тропски мајмун и лебед. Препарираните животни се одземени и испратени во надлежна институција за утврдување на нивното потекло и начинот на препарирањето, од што ќе зависи и евентуално поведување на постапка и за ова лице Се очекува по прибирање на доказите, МВР до обвинителството да достави кривична пријава за натамошно постапување“, изјавија за Мета од обвинителството.

За сега освен против кумановецот С.А не се покренати обвинениа притив други лица.

„Во овој момент во судот нема доставено обвинение или друг акт за кој судот би бил надлежен да спроведува постапка“, изјавија од Основениот суд Куманово за Мета.