fbpx

Полицијата во Чегране откри мини зоолошка градина со диви животни без соодветна дозвола

-

Во угостителски објект во тетовското село Чегране денеска е пронајдена мини зоолошка градина со диви животни без соодветна дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 20.11.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција –  Секторот за општ и насилен криминал, во содејство со Оддел за специјални полициски операции, СВР Тетово, инспектори од Државен инспекторат за животна средина и преставник од ЗОО Скопје, по претходно добиена наредба од Јавен обвинител, извршена е контрола во угостителски објект во с.Чегране“, се наведува во соопштението на МВР.

При извршената контрола, пронајдена е мини зоолошка градина, која е во состав на објектот, при што било констатирано дека во неа се чуваат повеќе диви животни, за кои сопственикот не поседува документи.

„По документирање на случајот од страна на Државниот инспекторат за животна средина ќе биде изготвен записник, а СВР Тетово до надлежното Основно јавно обвинителство против сопственикот на објектот ќе поднесе соодветен поднесок“, информираат од МВР.

Инаку, отворањето на нелегални зоолошки градини, каде што животните се чуваат во несоодветни услови и без придружба на соодветни стручни лица, е негативен тренд во изминатиов период на подрачјето на Балканот.

За внесувањето на диви животни во земјава детално пишуваше Мета.мк уште кон крајот на септември, кога постана актуелна приказната за лавчето Симба, со кое по социјални мрежи бројни лица се сликаа во скапи автомобили и луксузни вили. Полицијата тогаш приведе едно лице од Куманово, против кое беше поднесена кривична пријава за чување и отуѓување на диво животно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...