
Активистката за правата на животните Тина Мицковска, објави дека добива закани по нејзиниот живот откако јавно го обелодени случајот со фотографиите од лавчето Симба и повика на одговорност.
Таа на нејзиниот профил на Фејсбук објави дека стравува за нејзиниот живот, но нема да се откаже од борбата да се расветли случајот со малите лавчиња.
Сепак и покрај бројните прашања, Министерството за внатрешни работи сè уште молчи за случајот со лавчето кое се појави на социјалните мрежи фотографирано како го возат во скапи автомобили и го шетаат по луксузни вили и хотели.
Од МВР треба да откријат како ова лавче е влезено во земјата, кој и каде го фотографирал и објавил на социјалните мрежи.
Инаку, шверцот со егзотични животни во земјава не е непозната појава за институциите.
Од Царинската управа велат дека царинските службеници во повеќе наврати имаат спречен шверц на диви и егзотични животни. Истите биле запленувани при обид да бидат нелегално внесени во државава. Против сторителите биле поведени соодветни пријави со цел животните да добијат соодветни услови за живот и биле дадени на згрижување во Зоолошката градина.
Тие дополнително објаснија дека увозот на вакво егзотично животно воопшто не е едноставна процедура.
Во одговор на нашите прашања од Царинската управа велат дека за промет со загрозени и заштитени диви животни потребно е да се приложи соодветен документ односно дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање, дозвола која мора да се добие однапред.
Односно, како што посочуваат конкретно, за увоз на лавови е потребно:
- Согласност од ветеринарен инспектор на граничниот премин (N 640-Ветеринарен влезен документ) кој дава согласност согласно Законот за ветеринарно здравство, а надлежна институција е Агенцијата за храна и ветеринарство.
- Дозвола за увоз на загрозени диви видови растенија и животни (CITES) согласно Законот за животна средина, а надлежно е Министерството за животна средина и просторно планирање.
Инаку, познат е случајот на лавот Џони кој во 2019 година од Албанија преку алтернативни патишта пристигна во Косово и оттогаш е затворен во кафез во тамошен ресторан.
Пред осум месеци известувачот за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон побара трансферот на лавот од косовскиот ресторан „Маја е зез“ да се изврши што е можно побрзо.
🦁A lion has been held illegally in a small cage in #Kosovo. @VIERPFOTEN has arranged to move him to a sanctuary, but the ministries of Kosovo and #Albania has not authorised his transport. I urge the ministries to act immediately! my full statement here https://t.co/FhAhPJM7oG pic.twitter.com/eNAgD8RdUj
— Viola von Cramon (@ViolavonCramon) February 8, 2021