fbpx

Лавот Џони од кафез во Гњилане преместен во прифатилиште за мечки близу Приштина

-

Лавот по име Џони, за кој се верува дека во 2019 година преку алтернативни патишта е прошверцуван од Албанија во Косово и досега беше чуван во кафез во ресторанот „Маја е зез“ во Гњилане, е ослободен од решетките и сега живее во прифатилиште за мечки близу Приштина.

Прифатилиштето „Беар Форест“ Приштина соопшти дека лавот сега има можност да ужива во својот надворешен простор.

„Спасен на крајот на март, Џони полека се навикнува повторно да живее како лав. Откако пристигнавме во нашето засолниште, нашите негуватели интензивно беа ангажирани да го подготват надворешниот простор за тоа. Му требаше извесно време да собере храброст да ги направи првите чекори на свежата трева и во почвата на неговиот надворешен простор. Ова е бавен и континуиран процес за него додека не се навикне на просторот, но сигурни сме дека Џони наскоро ќе се чувствува поопуштено“, се вели во соопштението на „Беар Форест“ Приштина.

„За среќа, сончевото време, мирната средина и игрите што ги подготвуваат нашите старатели ќе му помогнат на Џони многу брзо да ги надмине траумите од неговото минато“, додаваат од прифатилиштето.

Фото. BEAR SANCTUARY Prishtina

Сепак, од „Беар Форест“ велат дека оваа средина не е крајната дестинација на лавот.

„Продолжуваме да работиме тој да се пресели во едно од засолништата за големите мачки на „Четири шепи“, каде што ќе ужива во животот во средина погодна за неговиот вид“, појаснија активистите за заштита на правата на диви животни.

Известувачот за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон, лани побара трансферот на лавот од косовскиот ресторан „Маја е зез“ да се изврши што е можно побрзо и по сè изгледа дека животната приказна на лавот добива среќен крај.

Но, кај нас за лавчето Симба што во септември минатата година се возеше во луксузните автомобили на кумановци и го видовме на фотографии во ексклузивни вили, сè уште нема информации. Иако Мета.мк на повеќе наврати побара одговор, не е познато ниту како лавчето влезе во земјава, ниту пак каде исчезна.

Од надлежните органи нема ниту официјална информација дали постои поврзаност, освен името кое е многу често, меѓу шверцувањето на Симба од Куманово и лавчето Симба кое црногорските власти и волонтери по еднодневна потрага го пронајдоа покрај објект во шумите близу Будва.

Фото. Агенција за заштита на шивотна средина Црна Гора и принскрин од социјални мрежи

Полицијата, по серијата текстови кои Мета.мк ги објави трагајќи по оваа егзотично диво животно во октомври минатата година приведе едно лице против кое е поднесена кривична пријава за чување и отуѓување на диво животно, но не го пронајде лавчето.

Кога холандскиот ветеринар, Џуно Ван Зон го прегледуваше лавчето наречено Симба во Црна Гора, за кое сега се очекува преку Австрија да замине во Африка. разговарајќи со Мета.мк не ја отфрли можноста дека станува збор за истото лавче што беше кај нас.

На почетокот на овој месец црногорската полиција притвори еден жител на Беране и двајца турски државјани за шверц на лавови. Тројцата се испратени во Истражниот затвор Спушка, пренесе црногоската ТВ Вијести. Од таму се обратиле до македонското јавно обвинителство кои посочиле дека не е утврдено потеклото на лавчето, ниту каде се наоѓа.

„Во предметот кој беше објавен во текот на ноември 2021 година, Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице. Во текот на постапката не е утврдено потеклото на лавчето, ниту е утврдено каде се наоѓа. Постапката е поведена врз основа на фотографија објавена на социјалните мрежи од осомничениот. Тој се бранел дека го фотографирал младенчето само додека непознати туристи од Турција го донеле во неговиот ресторан. Тој е осуден за чување егзотично животно и казнет“ се вели во кусиот одговор од Обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...