fbpx
Таг: шарена револуција

таг: шарена револуција

„Младите си отидоа, партијата се вработи“ порачаа демонстрантите

„Шарената револуција“ на денешниот протест насочен против „продавањето“ на работниците за минимални плати, ги обоија објектите на Агенцијата за вработување (АВРМ) и на Министерството за економија и порачаа „Младите си отидоа, партијата се вработи“ и „Книшка плата, клати врата“. Пред демонстрантите говореа неколку студенти и професорката од Економскиот факултет, Билјана Секуловска-Габер, кои преку лични примери ја раскажаа приказната за незадоволството од...

Протест пред домот на Груевски: „Доста беше, ќе се избориме за слободата“

Голем портрет со ликот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска беше обоен во боите на „Шарената револуција“, пред зградата во која се наоѓа домот на поранешниот премиер. Таму и заврши протестот, кој денеска прослави мал јубилеј - еден месец од првиот ваков собир (на овој линк е визуелно прикажана хронологијата на протестите од 12 април до денеска).   https://twitter.com/meta_agency/status/730821127036108800 Пред домот на поранешниот премиер...

Битолчани оставија сено за коњот на Филип Втори

Сено за коњот на Филип Втори оставија вечерва битолчани пред споменикот на античкиот владетел на плоштадот Магнолија, откако денеска група пензионери со црево со вода го чистеа постаментот од боите на „Шарената револуција“. Битолчани кои протестираат против аболицијата на градоначалникот Владимир Талески велат дека и тие сакале да покажат како се грижат за коњот на античкиот крал. - Донесовме сено за роднината на...

Одложено судењето на Савески и на Куновски

Судењето на двајцата членови на Левица, Здравко Савески и Владмир Куновски, кое требаше да почне денеска, е одложено. Причината за одложувањето е тоа што сè уште не е утврдена штетата на секој од обвинетите поединечно, а судот одби да се спојат предметите за овие инциденти. „Остануваме во куќен притвор затоа што обвинителството е неажурно со утврдувањето на штетата врз канцеларијата на т.н....

Контејнер (г)дом за градоначалникот Талески

Битолчани со контејнер на кој пишуваше „гдомот на градоначалникот“ и денеска излегоа на протести, барајќи оставка од аболираниот Владимир Талески, осомничен за криминал. Од плоштадот Магнолија, демонстрантите повторно се насочија кон зградите на судовите во Битола кои ги обоија со боите на „Шарената револуција“ и оттаму зедоа контејнер за да го остават пред Општина Битола. Според едни, контејнерот беше симбол за...

МВР: Снимателот на протестите пред МРТВ е полицаец, поведена е истрага

Лицето што синоќа го снимаше протестот на „Шарената револуција“ пред зградата на „Македонска радио-телевизија“ е припадник на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), потврди МВР. „Утврдено е дека лицето е припадник на ЕБР и се преземаат мерки за да се открие по чија наредба го вршел снимањето“, соопштија од МВР и додаваат дека деновиве ќе излезат со повеќе детали за целиот случај. Граѓаните...

„Родова еднаквост“ и „Шарената револуција“ на Скопскиот маратон

Повеќе од 8.000 учесници од 46 држави денеска учествуваат на годинешниот „Виз ер - Скопски маратон“, кој се одржува по 12. пат. Маратонот се организира под покровителство на Град Скопје и на Мисијата на Европската Унија, а наградниот фонд изнесува 17.100 евра. Во рамките на маратонот се одржа и кампања за „Родова еднаквост“, организирана од УНПД. Десет лица облечени во...

„Крај на програмата“ ѝ порачаа демонстрантите на МРТВ

„Шарената револуција“ вечерва ја обои зградата на МРТВ и му порача на јавниот сервис „Крај на програмата“. Фокусот на денешниот протест беше дека МРТВ е јавен сервис на граѓаните и дека негова задача е да работи професионално, а не партиски. https://twitter.com/meta_agency/status/729018124343906305 Пред МРТВ, се обрати поранешниот претседател на Советот за радиодифузија, Зоран Стефановски, според кој, МРТВ е куќа на духови. https://twitter.com/meta_agency/status/729012372803878913 - Ова...

„Шарената револуција“ денеска ќе бара департизација на МРТВ

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска ќе одржи протест во чиј фокус ќе биде работата и информирањето на јавниот сервис, односно „Македонска радио-телевизија“. „Само информирани граѓан(к)и можат да носат информирани одлуки. Задача на „Македонска радио-телевизија“, како јавен радиодифузер, е да известува професионално и непристрасно за настаните. Меѓутоа, овој јавен сервис е отуѓен од народот и е слуга на партиските интереси на власта....

Улиците на Штип обоени со боите на „Шарената револуција“

Неколку жени го предводеа протестот на „Шарената револуција“ во Штип од зградата на Основниот суд преку центарот на градот, избегнувајќи блиска средба со демонстрантите од ГДОМ. Извикувајќи „Оставка“, „Затвор за криминалците“, попатно демонстрантите од „Протестирам“ фрлаа бои, со што улиците на Штип беа обоени со боите на „Шарената револуција“. Иако собирањето на приврзаниците на ГДОМ беше најавено за еден час подоцна...

Протестна симболика: Балони со сликата на Груевски полетаа кон небото

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска со шарени балони ги изненади граѓаните што се собраа на протест пред просториите на Специјалното јавно обвинителство во 18 часот. Активистите на „Шарената револуција“ донесоа балони, кои им ги поделија на насобраните демонстранти. На балоните се закачени фотографии од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а една од нив беше запалена. https://twitter.com/meta_agency/status/728627710260555776 На протестот има и автомобил во боите на „Шарената...

Полициски кордон меѓу двата протести во Штип

Полицијата вечерва во Штип ги сопре двете групи демонстранти, од таканаречената „Шарена револуција“ и од ГДОМ, за да не дојде до судир. Демонстрантите од „Протестирам“ тргнаа од Основниот суд, а тие од ГДОМ во спротивен правец од Домот на културата. Во моментот кога полицијата почна да ги пренасочува во нивните рути, двете групи застанаа на двете различни страни на реката Отиња и почнаа...

„Шарената револуција“ и ГДОМ вторпат протестираа во Тетово

Здружението „Протестирам“ денеска, околу 19 часот, својот револт од одлуката на претседателот Иванов за аболиција го искажаа пред тетовскиот Основен суд. Пред оваа институција демонстрантите ги извикуваа познатите пароли „Нема правда, нема мир“, „Оставка за Иванов“, „Бараме правда, бараме вистина“. По половина час, со протестен марш се упатија до народната канцеларија на претседателот Иванов, лоцирана во центарот на Тетово. Учесниците...

Фуере пред СЈО: Избори во ваква ситуација се невозможни

Поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере, денеска им се приклучи на демонстрантите, кои традиционално својот протестен марш го почнуваат пред зградата на Специјалното јавно обвинителство. - Ги поддржувам овие луѓе кои достоинствено протестираат против кршењето на владеењето на правото и повредата на човековите права, кои се случуваат во земјата – изјави поранешниот евроамбасадор. https://twitter.com/meta_agency/status/727894290848960512 Фуере рече дека претседателот Ѓорге Иванов мора да...

Демонстрантите пред Владата ги обоија сликите на Груевски и на Иванов

Балоните со боја на „Шарената револуција“ вечерва ги обоија лицата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на претседателот на државата, Ѓорге Иванов. Големи транспаренти со контурите на ликовите на двајцата функционери беа поставени на оградата пред Владата. Демонстрантите, откако ги обоија лицата, фрлајќи балони со боја, на транспарентот со ликот на Иванов со спреј испишаа „Готов си“ и поставија...

„Шарената револуција“ положи цвеќе пред споменикот на Никола Карев

Демонстрантите на денешниот протест, по повод 111-годишнината од смртта на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, положија свежо цвеќе на неговиот споменик пред Собранието на Република Македонија. https://twitter.com/meta_agency/status/725380681082245121 Граѓаните, кои протестираат поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на функционери, и денешниот протест го почнаа пред зградата на Специјалното јавно обвинителство. Оттаму тие се упатија кон Собранието. https://twitter.com/meta_agency/status/725367660616253440 Пред демонстрантите се обрати...

„Шарена револуција“: Што ќе правите кога неправдата ќе затропа на вашите врати?

Мирно заврши и денешниот протест пред Владата на Република Македонија. Граѓаните кои протестираат против одлуката за аболиција на функционери, денеска се движеа од Специјалното јавно обвинителство, преку Собранието сè до Владата. На пат кон Собранието, тие повторно ги обоија фасадите на Министерството за правда, како и на Народната канцеларија на претседателот Иванов. Таму, дел од демонстрантите, во знак на револт,...

Демонстрантите ја обоија и Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги

Граѓаните што денеска протестираат во центарот на Скопје, ја обоија новата зграда на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги и на Агенцијата за млади и спорт. Тие извикуваа „Ова беше парк“ и „Боја“ и фрлија неколку дестици топки со боја кон објектот, кој сега е обоен во боите на, како што велат демонстрантите, „Шарената револуција“, што симболично означува дека „Македонија се...