понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: рудник | 135 резултати

Во Иловица веќе се слави, а владата го има последниот збор за рудникот

септември 30, 2019

„Со голема радост и возбуда ве известуваме дека Рудник на смртта во Иловица и Штука – нема да има, ова е голема победа за екологијата во Македонија“, објавија денес еколошките здруженија од Струмица и струмичките села Штука и Иловица откако во медиумите осамна веста дека второстепената Комисија за одлучување во управна постапка донесла одлука со […]

И по законскиот рок Владата без решение за Иловица

септември 26, 2019

Вчера измина законскиот рок во која Владата требаше да се изјасни по жалбата на компанијата „Еуромакс Рисорсис“ по укинувањето на концесијата за рудникот Иловица. Компанијата, како концесионер на струмичкиот рудник за бакар и злато, на 25 јули упатил жалба на решението за одбивање на дозволата за Иловица  кое Владата го донесе на 4 јули  годинава […]

Во рударска населба од 6. век кај Радовиш пронајдени над 1.000 артефакти

септември 13, 2019

На три археолошки локалитети, кои сведочат за постоење на рударска населба старa 5.000-6000 години, на потегот меѓу Штип и Радовиш, се пронајдени бројни артефакти, кои од синоќа се изложени на изложба во галеријата „Безистен“ во Штип. Археолозите, кои работеле интензивно на ископување близу четири години, изнесоа податок дека населбата била напуштена, веројатно откако снемало руда, […]

Случајот Иловица сè уште без целосен епилог – рокот за жалба на „Еуромакс“ истекува утре

јули 24, 2019

Прашањето на иднината на рудникот Иловица сè уште официјално не е затворено иако изминаа повеќе од две недели откако владата донесе решение за одбивање на барањето на компанијата „Еуромакс Рисорсис“ да им биде дадена дозвола за експлоатација на бакар и злато од рудникот Иловица. Официјално, рокот за жалба на концесионерот истекува утре, 15 дена по […]

ДОМ: По три години, победа над рударското лоби за Иловица

јули 5, 2019

ДОМ се задоволни од одлуката на Министерството за економија да не издаде одобрение за експлоатација во рудникот Иловица. Според нив, ова е победа на екологистите од Струмичко, но и од целата земја, над моќното рударско лоби. „Ова е победа на аргументите за здрав живот и здрава животна средина, над профитот на група луѓе. ДОМ застана […]

„Еуромакс“ ќе се жали на одлуката за Иловица, активистите слават „победа на граѓаните и медиумите“

јули 4, 2019

Информирани сме за владината одлука, се вели во писмениот одговор од „Еуромакс Рисорсис“, компанија – концесионер на рудникот за бакар Иловица, чиешто барање за издавање на дозвола за експлоатација на рудното богатство беше одбиено на денешната седница од страна на македонската Влада. Претходно Министерството за економија утврди дека компанијата не ги доставила сите потребни документи […]

Влада: Исполнети се законските услови за одземање на концесијата на „Еуромакс“ за Иловица

јули 4, 2019

Министерството за економија на денешната седница на владата информираше дека се исполнети законските услови за донесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“, општина Босилово на „Еуромакс рисорсис“, информираат од владата. Во информацијата која што денеска пред Владата ја презентирало […]

Од „Еуромакс“ внимателни, а жителите и екологистите скептични за судбината на рудникот Иловица

јуни 26, 2019

Жителите на струмичките села Штука и Иловица веќе десетти ден го блокираат влезот во концесискиот простор на рудникот за бакар и злато Иловица, иако Владата одлучи да го задолжи Министерството за економија да утврди дали има правен основ за укинување на концесијата за рудникот, а извори од Илинденска бр.2 велат дека практично одлуката е донесена. […]

Во БиХ се бараат рудари од Македонија за плата од 900 евра

јуни 24, 2019

Рајко Дукиќ, претседателот на компанијата „Боксит“ од Милиќи во Република Српска преку амбасадите на Северна Македонија и Кина упатил допис со кој известува дека итно се потребни за 30 рудари за потребите на компанијата, која освен со ископ на боксит, се занимава и со друго производство и со трговија. Тој вели дека условите се одлични, […]

Заев: Одлука за Иловица овој или следниот вторник, правно-формалните можности не се исполнети

јуни 21, 2019

Овој или следниот вторник Владата ќе ја донесе конечната одлука за иднината на рудникот Иловица, најави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со протестите на населението на Штука и на Иловица против рудникот и барањата да му се укине концесијата на „Еуромакс Рисорсис“. „Ако се биде завршено можно е овој вторник […]

Иловица: Багерите запреа, блокадите продолжуваат, Владата молчи

јуни 20, 2019

Од Владата ниту денес нема никаква реакција на настаните околу неотворениот рудник Иловица во непосредна близина на струмичките села Штука и Иловица, иако група мештани веќе четврти ден им го блокира патот на екипите на концесионерот „Еуромакс Рисорсис“. На денешната блокада, со која селаните и активистите им го попречуваа приодот на работниците ангажирани од „Еуромакс […]

И понатаму блокади во Иловица, Владата без став за проблемот со рудникот

јуни 19, 2019

Владата не расправала за ситуацијата со блокадите кај рудникот Иловица, дополнително ќе информираме доколку стане збор за тоа, е одговорот на владината прес-служба на прашањето на „Мета“ за ставот во врска со случувањата во струмичките села Штука и Иловица, каде веќе трет ден траат блокади на приодот кон локацијата на идниот рудник за бакар Иловица. […]

Втор ден блокади за „Еуромакс“ и за археолозите кон рудникот Иловица

јуни 18, 2019

Група жители од струмичките села Штука и Иловица и денес од 5 часот изутрина повторно го блокираа приодот кон просторот на рудникот Иловица за да ги спречат работниците ангажирани од страна на концесионерот  „Еуромакс Рисорсис“, како и археолозите од Археолошкиот музеј од Струмица да продолжат со ископувањата на теренот. Блокадата се одвива веќе втор ден […]

Жителите на Штука и Иловица поставија блокади и за археолозите, се плашат дека рудникот ќе се гради

јуни 17, 2019

Жители на Штука рано утринава го блокираа приодот кон локацијата на која веќе една недела се одвиваат археолошки ископувања на просторот опфатен со концесијата за изградба на рудник за бакар Иловица – Штука. Според информациите кои „Мета“ ги доби од локалното население, блокадата започнала во 5 часот изутрина, при што им бил блокиран пристапот на […]

Поповска: Некого го чешаат рацете за иловичкото злато

март 20, 2019

На темата рудници и нивна здрава алтернатива, како и за битката на струмичките екологисти против рудникот Иловица, „Мета“ разговараше со пратеничката на ДОМ, Лилјана Поповска. Неодамнешната победа – отфрлената тужба од рудникот Борово Дол за клевета од страна на Судот, ДОМ ја посвети на струмичките екологисти кои се борат против отворањето на рудникот Иловица. Какви […]

Инцидент на собирот на „Еуромакс“: Младите најавуваат нови протести против рудникот

март 18, 2019

За време на настанот, во организација на компанијата „Еуромакс рисорсес“ во хотелот „Цар Самуил“ во Банско, се случил инцидент помеѓу еко-активисти што протестирале против отворањето на рудникот за бакар и злато Иловица-Штука и обезбедувањето. Концесионерот на рудникот „Еуромакс“, минатиот викенд организираше, како што е наведено во соопштението на компанијата, неформално информативно дружење со локалната заедница […]

„Еуромакс“ на средба со жителите на Босилово и Ново Село: „Евтин трик“, велат екологистите

март 15, 2019

Концесионерот на рудникот за бакар Иловица – Штука „Еуромакс рисорсес“ најави дека утре организира, како што се вели во соопштението до медиумите, „неформална информативна средба со жители од општините Босилово и Ново Село, на која присутните ќе се запознаат со потенцијалите за вработување и соработка со рудникот“. Компанијата информира дека на средбата ќе присуствува Алан […]

„Поплава“ на текстови за поддршка за отворање на рудникот Иловица

март 7, 2019

Текстови со еден ист наслов и содржина, во кои исти личности од струмичките општини Ново Село и Босилово зборуваат за тоа дека сакаат да се отвори рудникот за бакар и злато Иловица бидејќи тоа, наводно, „било добро за економскиот развој на нивниот крај“ денес синхронизирно осамнаа во повеќе македонски медиуми. Концесионер на Иловица е компанијата […]

Рудникот САСА им ги зголеми платите на вработените за пет проценти

февруари 19, 2019

Менаџерскиот тим на рудникот за олово и цинк САСА донесе одлука за ново зголемување на месечните примања на сите вработени за пет проценти, почнувајќи од 1. јануари оваа година, информираат од компанијата. Со ова најново зголемување, платите во рудникот САСА ќе бидат и до 30 проценти повисоки од просечните плати во рударската индустрија во земјава.Зголемувањето […]

Возачот починал од срцев удар, а не од пад во рудникот, реагираат од „Бучим“

февруари 6, 2019

Раководството на рудникот „Бучим“, каде претпладнето почина нивен вработен, реагираше на непроверени информаци и претпоставки во некои од медиумите во Македонија, коишто пренесоа дека човекот починал по пад во рудникот. Меѓутоа, 50-годишниот Љупчо Наков, кој работел како возач во рудникот, починал од интензивен срцев удар. Тој се  струполил на земја додека на колега му покажувал […]

Страна 3 од 7