fbpx

Случајот Иловица сè уште без целосен епилог – рокот за жалба на „Еуромакс“ истекува утре

-

Прашањето на иднината на рудникот Иловица сè уште официјално не е затворено иако изминаа повеќе од две недели откако владата донесе решение за одбивање на барањето на компанијата „Еуромакс Рисорсис“ да им биде дадена дозвола за експлоатација на бакар и злато од рудникот Иловица. Официјално, рокот за жалба на концесионерот истекува утре, 15 дена по приемот на решението на Владата, кое Еуромакс го примил на 10 јули, информираат од прес-службата на Влада на РСМ.

Концесионерот засега без одговор дали се жалеле на одлуката на Владата.

– Компанијата се воздржува од било какви коментари – се вели во официјалниот одговор од „Еуромакс Рисорсис“.

Од владата велат дека по истекот на рокот, „доколку се исполнети законските услови“ Министерството за економија ќе подготви предлог-одлука за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација и ќе го достави до владата.

„Против ова решение може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен при Владата на Република Северна Македонија“, стои во одговорот од Влада.

Сè уште не се знае дали конечното решение за иднината на рудникот Иловица ќе се најде на дневен ред на наредната седница на владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...