„Поплава“ на текстови за поддршка за отворање на рудникот Иловица

-

Текстови со еден ист наслов и содржина, во кои исти личности од струмичките општини Ново Село и Босилово зборуваат за тоа дека сакаат да се отвори рудникот за бакар и злато Иловица бидејќи тоа, наводно, „било добро за економскиот развој на нивниот крај“ денес синхронизирно осамнаа во повеќе македонски медиуми.

Концесионер на Иловица е компанијата „Еуромакс рисорсис“.

Според текстот и кажувањата на граѓаните, „се работи за голема инвестиција, која ќе овозможи нови вработувања и развој на овие општини и регионот“ но и дека „им веруваат на студиите за влијанието на рудникот врз животната средина“ во кои, наводно, се тврди дека „рудникот нема да влијае на животната средина и дури ќе ги подобри условите и ќе ги заштитат водите и животинскиот свет“.

pr ilovica

„Мета“ побара коментар од агенцијата која ги застапува „Еуромакс рисорсис“, но оттаму ни беше кажано дека не се работи за ПР кампања туку дека „медиумите известувале од собир на граѓани“. Сепак, не можеа да одговорат каде се одржал собирот, ниту како е можно сите медиуми да излезат со идентични наслови и исти текстови.

На неодамнешната средба на премиерот Зоран Заев со жителите на струмичките населени места блиску до локацијата на неотворениот рудник Иловица, организирана токму поради повеќекратните протести и реакции на незадоволството на локалното население тој изјави дека нема да се дозволи отворање на рудник со цијаниди и други опасни материи.

Граѓаните од Ново Село и Босилово, заедно со поширокиот струмички регион, изминативе  години и преку локални референдуми се изјаснуваа против отворањето на големиот рудник за бакар и злато Иловица и им порачуваа на властите дека не сакаат потенцијални загадувачи во својата животна средина. Тие му дадоа масовна поддршка на Социјалдемократскиот сојуз на локалните избори 2017 година, откако лидерот на СДСМ Зоран Заев во предизборието вети дека во југоисточна Македонија „ќе нема рудници“.

Пред десетина дена, неколкумина еко-активисти, кои ги предводеа протестите и отпорот кон рудникот Иловица, добија опомени пред тужби од страна на правните застапници на концесионерот на Иловица, „Еуромакс рисорсис“, за нивните јавно искажани ставови против компанијата. „Да го сменеа барем насловот“, ја коментира серијата текстови Крум Велков, еколошки активист од Струмица, кој ја доби опомената од адвокатите на „Еуромакс“.

– Како поранешен новинар, се срамам од вакви медиумски гротески. Дно. Вистинско ширење на опасни лажни информации, базирано на изјави на 2-3 граѓани, со којзнае каква заднина, додека огромното мнозинство граѓани се против рудникот – вели Велков.

Тој смета се работи за обид да извршат јавен притисок врз владата пред конечната одлука за рудникот.

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за здравство. Операцијата...

Што е Европскиот мировен фонд преку кој РСМ доби десетици милиони евра помош за Армијата?

Советот на ЕУ на 25 април усвои мерка за помош во вредност од 15 милиони евра во рамките на Европскиот мировен фонд (EPF). Целта е да се зајакнат одбранбените капацитети и...

Трамп и Зеленски разговараа во базиликата „Свети Петар“ пред погребот на папата Франциск

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово разговараа за војната во Украина, во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, неколку минути пред почетокот на погребната миса за папата Франциск,...

Почина повредениот во вчерашната вооружена престрелка на Бит Пазар

Лицето кое вчера беше повредено во вооружена престрелка меѓу две лица во Дуќанџик на Бит Пазар, им подлегнало на повредите, потврдија во Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за А.С.,...

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за...