понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: рудник | 137 резултати

Екологистите бараат Вишиот управен суд да донесе одлука и да го затвори случајот со рудникот Иловица-Штука

мај 26, 2022

Вишиот управен суд што побрзо да донесе одлука и конечно да го затвори случајот со рудникот Илoвица – Штука бараат еколошките активисти од југоистокот на земјава. Откако во март годинава беше објавена одлуката на Управниот суд со која се отфрли жалбата на компанијата „Еуромакс ресурсес“ и се потврди одземањето на концесијата, екологистите од Ново Село, […]

Еко-свест ги осудува најавите за отворање на нов рудник за лигнит во Живојно

април 1, 2022

По денешните најави на директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски дека актуелната криза ја отворила потребата од подолго користење на рудниците и планираната инвестиција во нови ископи во рудникот Живојно во РЕК Битола и рудникот Гуштерица во РЕК Осломеј, со реакција и најостра осуда излегоа од Еко-свест. Од Центарот за истражување и […]

Во рудничка несреќа во Србија загинаа 8 рудари, 20 се повредени

април 1, 2022

Во рудничка несреќа што се случи рано утрово во рудникот „Соко“ (Сокол), кај Сокобања, при уривање на дел од јама, животите ги загубиле 8 рудари, 20-тина се повредени, а дел од нивните колеги и натаму се затрупани, јави српскиот радиодифузен сервис РТС, повикувајќи се на директорот на Здравствен дом Алексинац. Во Општа болница Алексинац се […]

„Здрава котлина“ на протест пред Виш управен суд: Бараат конечна одлука за рудникот „Иловица-Штука“

декември 25, 2021

Граѓански активисти од организацијата „Здрава котлина“, поддржани од граѓани на Скопје и други градови, денеска одржаа протест пред Вишиот управен суд, барајќи конечно решение за случајот рудник „Иловица-Штука“. Екологистите побараа да престане префрлувањето на предметот од Управниот до Вишиот управен суд и да се донесе дефинитивна одлука со која ќе се затвори случајот. Тие сметаат […]

Илјадници жители од Кумановско четири децении се трујат со арсен и други отровни материи [фото]

декември 9, 2021

Кумановските села Табановце, Лојане и Ваксинце со децении наназад се трујат со арсен и други опасни материи што се расфрлани на две локации покрај самата граница со Србија. На првата локација, во непосредна близина на железничката станица во Табановце, сместена е дивата депонија која содржини стотици тони јаловина од затворениот рудник за хром, антимон и […]

Управниот суд ја потврди одлуката на Владата да се одземе концесијата за рудникот „Иловица-Штука“

декември 8, 2021

Управниот суд ја отфрли тужбата на компанијата „Еуромакс ресурцес“ и ја потврди одлуката на Владата да им се одземе концесијата Иловица 6 за рудникот за бакар и злато „Иловица-Штука“. Судот одлучувал во октомври, откако претходно Вишиот управен суд ја врати постапката назад. Управниот суд тужбата на канадската компанија ја отфрлил како неоснована, по што „Еуромакс“ […]

Трагедија во рудникот Бучим: Загинаа двајца аплинисти

октомври 13, 2021

Во 11:43 часот, денеска две лица загинаа во рудникот „Бучим“ кај Радовиш, членови на Алипинистичкиот клуб „Плоча“ од Радовиш кои биле ангажирани за чистење на високо недостапни силоси. Во официјалната изјава на рудникот „Бучим“ стои дека во работната единица флотација се случил несреќен случај, при што две лица се починати. „Починатите лица се подизведувачи од […]

„Здрава котлина“ ја одби поканата на „Еуромакс Ресурсес“: рудник нема да има, нема што да мониторираме

септември 21, 2021

Екологистите од „Здрава котлина“ ја одбија поканата на компанијата „Еуромакс Ресурсес“ што сака да го копа рудникот Иловица-Штука, за работна средба и формирање на независно мониторинг тело. Тие за возврат ја повикаа компанијата на дијалог и тоа пред камери, во кој ќе ги спротивстават ставовите и фактите, дали треба или не, да има рудник во […]

Рудникот „Булмак 2016“ заради истекување јаловина може да добие казна и до 100.000 евра

август 27, 2021

Државниот инспекторат за животна средина направи вонреден инспекциски надзор во рудникот во Пробиштип „Булмак 2016“ по добиена пријава преку електронска пошта дека има истекување на јаловина од скршена каналетка од транспортниот систем во рудникот. Во надзорот, направен на 25 и 26 август, инспекторите констатирале дека јаловината истекува од скршена каналетка на земјениот пат под старото […]

Во „Казандол“ не е складирана сулфурна киселина и нема опасности за населението и околината, констатира Државниот инспекторат

мај 10, 2021

Рудникот “Казандол” во моментов не претставува опасност за животната средина и населението, а резервоарите за складирање сулфурна киселина се празни, констатирале инспектори на Државниот инспекторат за животна средина по надзорот кој бил направен во рудникот и околината минатата недела. За време на увидот на терен, Инспекторатот констатирал дека објектите и опремата на некогашниот рудник се […]

„Еуромакс“ изрази поддршка за Граѓанскиот инспекциски совет, од „Здрава котлина“ велат дека рудникот е завршена приказна

март 24, 2021

Компанијата „Еуромакс Ресоурцес“ денеска прати соопштение во кое вели дека го поддржува формирањето на Граѓанскиот инспекциски совет како значаен контролен механизам за јакнење на улогата на надлежните државни институции за заштита на животната средина. Компанијата, која сака да отвори рудник во струмичко, објави став дека е подготвена за соработка и дека активно ќе биде вклучена […]

Вишиот Управен суд ја потврди одлуката на Управниот суд за рудникот Иловица-Штука, екологистите најавуваат масовни протести

декември 5, 2020

Вишиот Управен суд ги отфрлил жалбите на Државната комисија за одлучување во управна постапка во втор степен и канадската компанија „Еуромакс ресурсис“, во случајот рудник Иловица-Штука, како недозволени. Со тоа ја потврдил одлуката на Управниот суд и предметот повторно се враќа во Второстепената комисија. Образложението за одлуката на Вишиот суд е дека Законот за управни […]

Рудникот САСА треба да плати глоба од 65.000 евра и да ја исчисти јаловината од реката Каменица

септември 25, 2020

Министерство за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информира дека рудникот САСА треба да плати глоба во висина од 50.000 евра, а за одговорното лице глоба во висина од 15.000 евра во денарска противвредност, за сторениот прекршок истекување на јаловишен материјал во Каменичка Река, што се случи на 14 септември. Освен глобата, рудникот САСА е […]

„Саса“ за загадувањето на Каменичка река ќе добие глоба од максимум 100.000 евра

септември 15, 2020

Државниот инспекторат за животна средина предложил казна од максимум 100.000 евра за рудникот „Саса“, од чие јаловиште вчера беше предизвикана еколошка катастрофа во Каменичка река во Македонска Каменица. Точната висина на казната, според постапката која ја предвидува Законот за животна средина, ќе ја утврди комисија на Министерството за животна средина и просторно планирање, во постапка […]

Се излеа јаловина од рудникот „Саса“ во Каменичка река, штетата допрва ќе се утврдува

септември 14, 2020

Јаловина од рудникот „Саса“ се излеа утрово и ја потемне Каменичка река. Инспектори на Државниот инспекторат за животна средина во моментов се на терен во Македонска Каменица, а по увидот ќе се знае големината на штетата која им е нанесена на водата и животната околина. Според соопштение од управата на рудникот, инцидентот се случил рано […]

Судскиот спор за рудникот за бакар и злато Иловица-Штука сè уште не стасал до Вишиот управен суд

септември 8, 2020

Судскиот спор за рудникот за бакар и злато Иловица-Штука сè уште не стасал до Вишиот управен суд. Жалбите на канадската компанија „Еуромакс ресурсис“ и Второстепената државна комисија за управни спорови за одлуката на Управниот суд, со која тој ја поништи одлуката за раскинување на договорот за концесија со „Еуромакс“, беа поднесени во јули, но предметот […]

Рудникот „Саса“ главно прашање на јавната расправа за заштита на Осогово во Македонска Каменица

август 21, 2020

Кои се зоните на заштита во идниот заштитен предел на Осоговските планини, како тоа ќе влијае на работата на рудникот „Саса“ и дали ќе биде дозволен лов, беа главните прашања околку кои се дискутираше на втората јавна расправа по Нацрт-Одлуката за прогласување на дел од Осоговски Планини за заштитен предел која се одржа во Македонска […]

Состојбите во рудниците во РЕК Битола се санираат и се оспособуваат багерите за ископ на јаглен

август 8, 2020

Состојбите во рудниците во РЕК Битола се санираат по елементарната непогода и поплавите кои се случија на откопните полиња за јаглен, предизвикани од обилните врнежи во изминатиот месец, а особено во последната недела, информираат од компанијата. „Исклучиво со сопствени средства и ресурси, неколку багери се вратени во функција, се испумпува водата и калта од откопните […]

ЕСМ ќе ги санира последиците од поплавите во рудниците „Суводол“ и „Брод Гнеотино“

август 7, 2020

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјава во битолскиот регион предизвикаа големи поплави и хаварија на јагленовите откопни полиња во рудниците „Суводол“ и „Брод Гнеотино“ на РЕК Битола. Според податоците на стручните служби на РЕК Битола, во рудникот „Суводол“ се слеале околу 630.000 метри кубни вода, што претставува временски феномен, незабележан во последните 20 […]

Обилниот дожд предизвика прекин на ископот и транспортот на јаглен во РЕК Битола

август 6, 2020

Врнежите од дожд кои последниве денови ја зафатија целата држава, во битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК Битола, трета по ред во период од два месеца. „Ископот и транспортот на јаглен во моментов се во прекин и се вложуваат натчовечки напори за санирање на состојбите. И покрај елементарната непогода […]

Страна 2 од 7