fbpx

Инцидент на собирот на „Еуромакс“: Младите најавуваат нови протести против рудникот

-

За време на настанот, во организација на компанијата „Еуромакс рисорсес“ во хотелот „Цар Самуил“ во Банско, се случил инцидент помеѓу еко-активисти што протестирале против отворањето на рудникот за бакар и злато Иловица-Штука и обезбедувањето.

Концесионерот на рудникот „Еуромакс“, минатиот викенд организираше, како што е наведено во соопштението на компанијата, неформално информативно дружење со локалната заедница на општините Ново Село и Босилово, кои се во непосредна близина на локацијата на неотворениот рудник, кое беше најавено како можност за запознавање на заинтересираните за потенцијалите за вработување и соработка со локалните претприемачи.

Во соопштението по настанот, концесионерот „Еуромакс“ се пофали со големата заинтересираност на локалното население за работа во рудникот, наведувајќи дека на средбата присуствувале преку 500 жители од струмичкиот крај.

Но, иако во соопштението на „Еуромакс“ не е наведено, според информациите како и снимките добиени од струмичките екологисти, дошло до туркање и кошкање, како и вербална расправија помеѓу обезбедувачите на настанот, ангажирани од страна на „Еуромакс“ и собраните локални жители кои се спротиставуваат на отворањето на рудникот Иловица-Штука.

„Луѓето од обезбедувањето мошне некултурно и грубо се обидоа да не спречат да влеземе и да присуствуваме на настанот на кој сакавме и ние да присуствуваме, бидејќи имавме прашања кои сакавме да им го поставиме на лицата од управата на компанијата „Еуромакс рисорсис““, изјави за „Мета“ Милена Зафирова, еко-активист од струмичкото село Штука, кое граничи со просторот на концесијата на рудникот Иловица-Штука.

Според Зафирова, која тврди дека на настанот имало многу помалку присутни од бројката која ја наведува „Еуромакс“ 500 присутни, несфатливо е што на овој јавен настан, кој компанијата го нарече „информативен“, не им било овозможено да присуствуваат, за и тие да побараат одредени информации од луѓето од „Еуромакс“.

„Отпорот кон рудникот се проширува, бидејќи преку глава ни е дојдено веќе да чекаме неколку луѓе да ја решаваат нашата судбина и да не држат во неизвесност. Ветија дека ќе нема рудници, а се уште не го решија проблемот“, вели Зоран Лазаров од село Штука, кој најави одржување на протестен марш, овојпат организиран од младината на Штука, Иловица и Босилово.

Тој најави голем протестен марш во недела, на 24 март во 14.30 часот, кој ќе почне кај игралиштето во Босилово, а ќе заврши пред седиштето на Општина Босилево.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...