fbpx
Таг: рудник

таг: рудник

Возачот починал од срцев удар, а не од пад во рудникот, реагираат од „Бучим“

Раководството на рудникот „Бучим“, каде претпладнето почина нивен вработен, реагираше на непроверени информаци и претпоставки во некои од медиумите во Македонија, коишто пренесоа дека човекот починал по пад во рудникот. Меѓутоа, 50-годишниот Љупчо Наков, кој работел како возач во рудникот, починал од интензивен срцев удар. Тој се  струполил на земја додека на колега му покажувал каде да се движи цистерната...

Машина притисна рудар во рудникот „Саса“

Со повреди завршил 55-годишен рудар во рудникот за олово и цинк  „Саса” од Македонска Каменица, откако го притиснала машина со која работел во рударската јама. Несреќата се случила во 6:30 часот, во рударска јама, потврди портапролката на СВР Штип, Гордана Панајотова. Машината му го повредила градниот кош на рударот. Со возило на Итната медицинска помош од Македонска Каменица, рударот е хоспитализиран...

„Еуромакс Рисорсис“: Во Иловица нема да се користат цијанид и сулфурна киселина

„Еуромакс Рисорсис“, концесионер на проектот за рудник за бакар „Иловица - Штука“ денеска повторно порача дека ќе го развива рудникот во согласност со сите национални закони, вклучувајќи ги и последните измени на Законот за минерални суровини, предложени од политичката партија ДОМ и усвоени во Парламентот. „Проектот на „Еуромакс“ е целосно усогласен со законските измени кои забрануваат употреба на цијанид и...

ДОМ: Да биде јасно, „законот за рударство“ важи и за Иловица

„Ако сакате општа забрана за цијаниди и сулфурна киселина во сите процеси на детални геолошки истражувања, експлоатација и преработка на минерални суровини, веднаш ја поднесуваме старата верзија на законот, онаа што ја оспоривте како асоцијација, извршивте притисок врз институциите и го заглавивте законот цела година“, и порачуваат на Асоцијацијата за рударство двете пратенички на ДОМ, Маја Морачанин и Лилјана...

„Еуромакс Рисорсес“ ги претстави придобивките од рудникот Иловица

Компанијата „Еуромакс Рисорсес“, концесионер на проектот Иловица – Штука, пред речиси 200 жители од општините Босилово и Ново Село ги претставила економските придобивки и мерките за заштита на животната средина и на здравјето на луѓето предвидени во проектот за рудникот Иловица-Штука. Присутните, како што информираат од компанијата, биле заинтересирани за еколошките мерки што се предвидуваат со проектот, евентуалното влијание на рудникот...

Во рудникот Алшар откриени нови видови бактерии и форми на живот

Професорот по геологија Блажо Боев, најавува „напредни резултати кои укажуваат на тоа дека во рудникот Алшар можат да се појават форми на живот“, кои се значајни во поврзувањето на појавата на живот на планетата Земја. Заедно со неговиот колегата Владимир Берманец од Хрватската академија на науките и уметностите, професор Боев веќе подолго време работи на длабински истражувања на Алшар, кои...

Жителите на Штука порачуваат: Ако го отворат рудникот Иловица, за нас тука нема живот

Пладне е. Пред селскиот дуќан во Штука, под падините на Огражден, насобрани петнаесетина, главно средовечни и постари луѓе. Помладите се на работа, на училиште, ги има и доста на печалба. Ова е уште еден од собирите на кои главна, всушност единствена тема на муабет е рудникот Иловица, кој го носи името на соседното село, иако е целосно во атарот...

Растат тензиите околу Иловица: Екологистите со ултиматум, Владата повикува на дијалог

Целта на Владата, но и на сите засегнати страни е да се отстранат ризиците и стравовите поврзани со животната средина и здравјето на граѓаните. Потенцираме дека Владата на Република Македонија и натаму ќе се води и ќе работи врз основа на принципот владеење на правото и дека сите политики на Владата се во насока, пред се, на заштита на...

Неисполнетите ветувања за рудниците – причина за слабата излезност во Босилово и Ново село?

Општините Ново Село и Босилово се меѓу оние со најслаб процент на излезени гласачи – во Ново Село гласале само 16,97 отсто, а во Босилово – 24,80 проценти од гласачите, според првичните резултати од излезноста за вчерашниот референдум. Претставниците на еколошките иницијативи сметаат дека ова е очекуван исход откако Владата со месеци го одложува решавањето на, за нив, исклучително сериозниот...

Членството на СДСМ од Иловица се заканило со бојкот на референдумот заради рудникот

Еколошкото здружение „Здрава Котлина“ информираат дека општинската организација на СДСМ од Иловица и Штука одржале состанок со градоначалникот на Општина Босилово, Зоран Зимбаков на кој го критикувале, бидејќи го променил својот став во врска со отворањето на рудникот. „Имено, во кампањата за локалните избори тој беше против рудникот, но подоцна се случи ретерирање, па така на консултативната средба со владата што...

Рударите ќе се пензионираат на 50 години

Владата денеска усвоила измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кои се предвидува рударите да се пензионираат на старосна возраст од околу 50 години. Како што соопштија министрите за труд и социјална политика и за економија, Мила Царовска и Крешник Бектеши, измените наскоро ќе бидат доставени на гласање во Собранието, а ќе почнат да се применуваат од...

„Еуромакс ресорсис“: Иловица-Штука нема да користи цијанид, ќе има економски бенефит

Проектот за бакар Иловица-Штука е целосно безбеден и се развива според највисоките стандарди за животна средина, според домашното и меѓународното законодавство, информираат од компанијата „Еуромакс ресорсис“. Од таму додаваат дека „сите обвинувања кон проектот се изнесени на паушални основи и не се поткрепени со никакви факти.“ „Имајќи го предвид ставот на локалната заедница, менаџментот на компанијата донесе одлука да не го користи...

„Еуромакс ресорсис“ очекува да продолжи со конструктивна соработка со Владата

Инвестициската група „Галена“ која е подружница на реномираната канадска инвестициска група „Трафигура груп“ купила 20 отсто од акциите од „Еуромакс ресорсис“, информираат од компанијата. Како што додаваат од таму, износот од инвестицијата  ќе се користи за континуиран развој на рудникот за злато и бакар Иловица-Штука и за општи корпоративни цели на компанијата. „Со влезот на свеж капитал во „Еуромакс ресорсис“, компанијата...

„Еуромакс рисорсис“ смета дека доставила сè што можело за Иловица

„Еуромакс рисорсис“, компанијата со инвеститори од Канада, САД и Велика Британија, денеска се огласи со реакција за одлуката на Владата на нејзината 63, седница, со која го задолжи Министерството за економија да ја продолжи постапката со која од компанијата - концесионер на рудникот за бакар и и злато на локалитетот Иловица, треба цда ја докомплетира документацијата. Компанијата смета дека доставила...

Менаџментот на САСА и синдикатот почнаа преговори за барањата на вработените

Преговорите меѓу раководството на рудникот САСА и синдикатот започнаа во седиштето на Мултиетничкиот синдикат на образованието во Скопје (МЕСО). „Од сите присутни на состанокот беше искажана надеж дека овој процес ќе заврши со конкретен резултат од кој ќе бидат задоволни вработените и кој истовремено ќе и овозможи на компанијата да продолжи со својот натамошен развој, од што придобивки ќе имаат сите....

Владата го раскина договорот за „Казандол“

На денешната 61. седница, Владата донела одлука за едностран раскин на договорот за рудникот „Казандол“, информираше премиерот Зоран Заев на прес-конференција попладнево. Тој, напоменувајќи дека Владата е посветена на економскиот раст, но посебно на заштита на здравјето на граѓаните од општините Валандово, Богданци и Дојран, рече дека е донесена одлука еднострано да се раскине договорот за концесија со компанијата „Сардич...

Менаџментот на САСА и синдикатите ќе преговараат, блокадите прекинати

Заради надминување на состојбата предизвикана од нелегалната блокада на пристапниот пат до рудникот САСА, менаџментот на рудникот ги повикал на разговор претседателoт на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Дарко Димовски, претседателот на Мултиетничкит синдикат на образованието (МЕСО),  Драге Јовановски и генералниот секретар на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството (СИЕР), Марија Анчева, информираат од компанијата. Целта на средбата била да...

Владата бара правна рамка за стопирање на изградбата на рудникот Казандол

На 58. седница, Владата ја разгледала и усвоила информацијата за степен на изграденост на рударскиот комплекс Казандол. Од Влада соопштуваат дека го задолжиле Министерството за економија во рок од седум дена да информира условите за раскинување на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро Казандол и за одземање на дозволата за експлоатација на минерални суровини доделена...

Јавното обвинителство отворило предистражна постапка за рудникот Казандол

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отворило предистражна постапка во која се бараат дополнителни докази за начинот на кој е издадена концесијата за експлоатација на бакар во рудникот Казандол, објави „Призма“. „Побарано е од МВР да преземе одредени дејствија и активности во насока на обезбедување на докази и утврдување на одредени околности наведени во кривичната пријава во врска...

Изградбата на рудникот Казандол ќе биде стопирана поради пропусти

Нашата намера е да ја спречиме изградбата на рудниците, гледаме дека има пропусти, а правните тимови работат на тоа, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со изградбата на рудникот Казандол, по обраќање на завршната конференција на тема „Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во духот на евроатлантските интеграции“. Тој додаде дека Владата ќе го искористи...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...