fbpx
Таг: решение

таг: решение

Церар: Доколку не се реши бегалската криза, можни се меѓудржавни конфликти

Словенечкиот премиер Миро Церар изјави дека на Европската унија ѝ е потребно заедничко решение за бегалската криза во наредните недели, за да се избегнат евентуалните конфликти меѓу државите. - Немаме време до пролет, потребно ни е да најдеме решение во наредните неколку недели. Доколку не го направиме тоа, можеме да очекуваме конфликти меѓу државите - изјави Церар. Тој додаде дека ситуацијата со...

Пакистанскиот претседател ќе посредува меѓу Саудиска Арабија и Иран

Наваз Шариф, премиерот на Пакистан, в понеделник ќе отпатува во Саудиска Арабија каде што ќе се сретне со кралот Салмин, а во вторник во Иран за во Техеран да се сретне со претседателот Хасан Рохани. Посетата на Шариф е за да ја смири напнатоста меѓу двете сопернички сили. Во соопштението на пакистанската дипломатија се вели дека неодамнешната ескалација на напнатоста меѓу Саудиска...

ЈКП Тетово за наредната година најавува решавање на проблемот со дивата депонија

Јавното комунално претпријатие Тетово за наредната година најави изградба на затворен објект, каде ќе се носи комуналниот отпад, кој ќе се селектира и ќе се рециклира, пред да се транспортира во регионалната депонија Русино. - На седница на Советот на општина Тетово, беше донесена одлука да се избере една од трите предвидени локации за изградба на затворен објект, каде ќе...

„Катимерини“: Привремената влада во Македонија нова можност за спорот за името

Привремената македонска влада, која треба да биде избрана на 15 јануари следната година, во Грција и понатаму се истакнува како можност за придвижување на работите во спорот за името. Весникот „Катимерини“ во анализа на состојбата во која се наоѓа отворениот спор забележува дека периодов се отвора прозорец на можности за решавање на прашањето. Според весникот, иако прашањето не е на врвот...

Коѕиас бара поголемо расположение за суштински дијалог од Македонија

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, апелира македонската влада да покаже поголемо расположение за суштински дијалог и способност за искрен компромис. Во божиќното интервју за грчкиот весник „Агора“, на прашањето што ќе направи грчката влада ако македонската страна побара прием во меѓународните организации под привременото име, грчкиот министер јасно истакна дека Македонија треба да се придржува до Привремената спогодба. „Соседната држава треба...

Ременски: Диме Спасов оставил 6.603 домаќинства без социјална помош

Во тек е вонреден инспекциски надзор во сите центри за социјална работа низ Македонија. Инспекторите денеска утврдија голем број недостатоци во работењето на овие установи, изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски. - Од септември 2014 година до септември 2015 година бројот на домаќинства што примаат социјална парична помош се намалил за 6.603 домаќинства. Ако имаме 6.603 домаќинства...

Основен суд Скопје 1: „Бомбите“ не можат да бидат докази

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 на денешната седница донел решение да ја отфрли жалбата на Основното јавно обвинителство за „бомбите“ да можат да се користат како доказен материјал. „Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на денешната седница донесе решение со кое жалбите на Основното јавно обвинителство – Скопје против решенијата на судија на претходна постапка...

Митов: Решението за името да не создаде дополнителни проблеми со другите соседи

Бугарскиот шеф на дипломатијата, Даниел Митов смета дека, потенцијалното решение за името не смее да се дозволи да создава проблеми со другите соседи на Македонија. Според Mитов, Грција има политичка волја за да се најде решение на спорот за името, меѓутоа формулата за решавање на проблемот до сега се покажала како неуспешна. Митов во интервју за грчкиот весник „То Вима“...

Нуланд во Атина изрази надеж дека ќе се најде заедничко решение за името

Спорот за името и македонско-грчките односи се најдоа на агендата на заменичката на американскиот државен секретар, Викторија Нуланд, во Атина. За ова прашање, кое две децении ги кочи македонско-грчките односи, Нуланд разговарала и со премиерот Алексис Ципрас, како и со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Како што посочи самата, дискутирале за името и за надежта дека може да се најде...

Бан Ки-мун ја повика Европа да ја реши бегалската криза

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, во обраќањето на Генералното собрание на ОН ја повика Европа да направи повеќе за решавање на бегалската криза. - Не треба да градиме огради и ѕидови, мораме да ги бараме причините за проблемите – изјавил Бан. Тој изразил огорченост поради начинот на постапување спрема бегалците во Унгарија, чија влада ја затвори границата со Србија,...

Обама: Соработка со Русија е можна, но Асад мора да замине

Американскиот претседател Барак Обама, за време на својот говор на Генералното собрание на Обединетите нации, изјавил дека САД се подготвени да работат заедно со Русија и со Иран за надминување на кризата во Сирија. Тој повторил дека какво било решение не може да значи враќање во предвоеното статус кво, односно на власт да биде Башар ал-Асад. Обама во својот говор се...

Сирискиот претседател останува убеден во поддршката на Москва и Техеран

Сирискиот претседател, Башар ал-Асад е убеден дека континуираната поддршка што ја добива од Иран и Русија ќе продолжи и во иднина. Новиот бран преговори, кои се во тек, за разрешување на конфликтот во Сирија, како што јавува „Би-Би-Си“, ги подгрева шпекулациите дека Асад би можел да биде притиснат околу постигнувањето на конечен договор. Од друга страна сирискиот претседател, во контекст на...

Заев на средба со Нуланд: Итни решенија во интерес на нормализација на земјата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и помошнчката на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, разговарале за можноста за решавање на политичката криза во земјата, преку споделени гаранции меѓу власта и опозицијата за практична примена на решенијата за критичните области посочени во извештаите на Европската комисија и на Стејт департментот, како и споделени гаранции меѓу власта и опозицијата за организирање фер...

Средба на Заев со норвешкиот амбасадор Камсваг

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со амбасадорот на Кралството Норвешка задолжен за Република Македонија, Нилс Рагнар Камсваг, на која било разговарано за политичката криза во земјава и за преговорите за нејзино решавање, соопшти СДСМ. „Преговорите би требало да резултираат со договарање влада која нема да ја предводи Никола Груевски и која ќе има цел да ги организира...

Груевски: СДСМ прави сè за да не се постигне договор

„Tреба да се најде некое разумно решение односно разумен компромис. Засега, другата страна не можам да кажам дека оди во таков правец“, изјави денеска премиерот Никола Груевски. - Мене сè уште ми стои впечатокот дека другата страна прави сè да не дојдеме до договор. Низ чекорите кои ги прават во деновите што поминуваат тие практично постапуваат колку што е можно...

До крајот на неделава ќе се знае исходот од преговорите

До крајот на неделата ќе се знае како ќе завршат преговорите и дали ќе има договор меѓу лидерите на најголемите политички партии, истакна Зоран Заев, лидерот на СДСМ, на денешната прес-конференција. Тој кажа дека и покрај притисоците што се вршат врз него, алудирајќи на вчерашната одлука на Кривичниот суд, тој нема намера да ги прекине преговорите. Рече дека ако го притворат поради непочитување...

Еврогрупата без конечен договор, ќе продолжи со состанокот утре

Еврогрупата вечерва заврши без конечна одлука за новата финансиска помош за Грција. Министрите за финансии ќе продолжат со состанокот за Грција утре изутрина. Од грчката влада информираат дека состанокот на кој ќе се разгледува грчкиот предлог за итна помош ќе продолжи утре изутрина. Грција попладнево побара нова помош во висина од 29 милијарди евра за исплаќање на долговите за да избегне технички...

Кризата пред решение: Како Груевски да се пасивизира пред изборите?

Има изгледи политичката криза да се реши многу наскоро затоа што ставовите на двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се доближуваат, дознава „Мета“ од извори од преговарачките тимови. Според нашите информации, поголемите разлики се испеглани, освен дали премиерот Никола Груевски ќе биде „пасивен“ додека траат предизборните рокови. Приближувањето е постигнато усно, без писмен договор, но, сепак, во присуство на амбасадорот на...

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, се сретна со Џес Бејли

Делегација на Либерално-демократската партија, предводена од претседателот на партијата, Горан Милевски, денеска се сретна со амбасадорот на САД, Џес Бејли. На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во Македонија, како и за начинот на решавање на политичката криза. Амбасадорот бил запознаен со ставовите и со мислењата на ЛДП за начинот на излез од оваа ситуација.

Кризата во Македонија в понеделник на Советот за надворешни работи на ЕУ

Политичката ситуација во Македонија ќе биде една од темите на која в понеделник во Луксембург ќе дискутира Советот за надворешни работи на Европската унија. „Во април 2015 година, Советот изрази сериозна загриженост во врска со влошувањето на ситуацијата во земјата, особено во областа на владеењето на правото, основните права и слободата на медиумите. Советот ги повика сите страни да ја преземат одговорноста и...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...