fbpx

Еврогрупата без конечен договор, ќе продолжи со состанокот утре

-

Еврогрупата вечерва заврши без конечна одлука за новата финансиска помош за Грција. Министрите за финансии ќе продолжат со состанокот за Грција утре изутрина.

Од грчката влада информираат дека состанокот на кој ќе се разгледува грчкиот предлог за итна помош ќе продолжи утре изутрина.

Грција попладнево побара нова помош во висина од 29 милијарди евра за исплаќање на долговите за да избегне технички банкрот, бидејќи денеска истекува и формално европската помош, како и рокот за исплаќање на долг од 1,6 милијарда евра кон ММФ.

Негативната одлука на Еврогрупата фрла нова сенка на неизвесност за грчката иднина.

Во моментов, во Атина околу 20.000 граѓани протестираат против владината одлука за референдум, барајќи државата сигурно и безбедно да остане во ЕУ и во еврозоната.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...