fbpx

Поповска: Само подадена рака од ЕУ може да ја извлече Македонија од кризата

-

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ учествуваше на јавна расправа во Европскиот парламент, организирана од групата на европските зелени партии на тема „Политичка ситуација во Македонија“. На дебатата претседаваа европратеничките Ребека Хармс и Улрике Луначек, а учествуваа и Кочо Андоновски и Петрит Сарачини, како претставници од невладиниот сектор.

Во своето излагање, Поповска ги повика претставниците на Европскиот парламент да се заложат Европската комсија да не ја повлече препораката за Македонија поради политичката криза.

„Верувам дека само подадена рака од ЕУ може да нè извлече од кризата, но и од грешките во кои западнавме како држава. Ќе бидам слободна да кажам, сметам дека и ЕУ има свој удел во кризата, зашто не ги испочитува до крај критериумите што сама ги постави. Македонија беше првата земја во регионот што пред 14 години ја потпиша спогодбата за стабилизација и асоцијација, веќе 10 години е земја-кандидат, а сега веќе седум години е оставена во чекална. Ова создаде фрустрации кај македонските граѓани и поле за развој на регресивни процеси. Така, од успешна приказна и од земја-реформатор во 2009 година, кога стигна првата препорака, дојдовме до сегашнава политичка криза“, изјави Поповска.
Таа смета дека за излез од политичката криза е потребен поголем процес со политички и со правни мерки, кој треба да се договори меѓу лидерите на партиите. Според Поповска, тој треба да опфаќа преодна влада, враќање на опозицијата во Собранието и формирање парламентарни анкетни комисии, оставка на јавниот обвинител и избор на нов со консензус, како и редица други мерки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...