fbpx

Тачи се сретна со абасадорите од земјите-членки на ЕУ

-

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, денеска во Тетово се сретна со амбасадорите на 17-те земји на Европската унија, со кои разговараше за политичката ситуација во државата и за процесите за излез од актуелната криза, соопштија од ДПА.

„На средбата, се разговараше за деблокирањето на интеграциските процеси и за решавањето на спорот за името, кој ќе го отвори патот за интеграција и ќе обезбеди подобра перспектива за земјата и за целиот регион“, пишува во соопштението на партијата.

Како што информираат од ДПА, амбасадорите истакнале дека Европска унија со особено внимание го следи развојот на настаните во земјата.

Од партијата соопштуваат дека амбасадорите препорачале сите политички партии и фактори да придонесат за подобра благосостојба и иднина на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...