fbpx

Ахмети: Имплементацијата на акциониот план е за доброто на граѓаните

-

Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија денеска заедно со ДУИ во седиштето на партијата во Тетово одржаа состанок по повод актуелната политичка криза во државата.

Како што информираат од партијата, амбасадорите имале интерес да ги слушнат ставовите на ДУИ за актуелните случувања во државата и околу политичката ситуација во земјата и во регионот.

„Амбасадорите високо ја оценија улогата на ДУИ во однос на решавањето на кризата и изразија интерес за време на траењето на актуелната политичка криза и за спроведување на препораките дадени од Европската комисија и од Рајнхард Прибе, спроведувањето на Охридскиот договор, инцидентот во Куманово и слично“, пишува во соопштението на партијата.

Во соопштението на партијата пишува дека акциониот план на Владата, кој ги содржи препораките на ЕУ, треба да се спроведува со поддршка на целото општество за да се обезбеди функционирање на институциите во согласност со европските очекувања, како и  за да овозможи зголемување на довербата на граѓаните и на политичките партии во интегритетот на институциите.

– ДУИ останува партнер на сите сили кои сакаат мирна и стабилна Македонија, со здрави меѓуетнички и соседски односи, со целосно спроведување на Охридскиот договор и целосно интегрирана во НАТО и во ЕУ – се вели понатаму во соопштението на партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...