fbpx

Церар: Доколку не се реши бегалската криза, можни се меѓудржавни конфликти

-

Словенечкиот премиер Миро Церар изјави дека на Европската унија ѝ е потребно заедничко решение за бегалската криза во наредните недели, за да се избегнат евентуалните конфликти меѓу државите.

– Немаме време до пролет, потребно ни е да најдеме решение во наредните неколку недели. Доколку не го направиме тоа, можеме да очекуваме конфликти меѓу државите – изјави Церар.

Тој додаде дека ситуацијата со мигрантите е надвор од контрола и нема никаква врска со хуманост, интеграција и со помош.

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ, в понеделник во Амстердам ќе разговараат за продолжување на привремените гранични контроли во шенген-зоната, за да се контролира приливот на мигранти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Репортери без граници: Македонија најдобра од земјите во регионот, дезинформациите остануваат проблем

Македонија годинава се искачи за две места погоре според Индексот на слобода на медиумите на „Репортери без граници“, со што е рангирана најдобро од земјите во регионот. Земјава се...