fbpx

Бан Ки-мун ја повика Европа да ја реши бегалската криза

-

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, во обраќањето на Генералното собрание на ОН ја повика Европа да направи повеќе за решавање на бегалската криза.

– Не треба да градиме огради и ѕидови, мораме да ги бараме причините за проблемите – изјавил Бан.

Тој изразил огорченост поради начинот на постапување спрема бегалците во Унгарија, чија влада ја затвори границата со Србија, а полицијата користеше водени топови за да ги потисне бегалците.

Генералниот секретар на ОН в среда ќе биде домаќин на состанокот што ќе се одржи на маргините на Генералното собрание на ОН за бегалската криза, за постигнување глобален договор додека ЕУ се бори со надминување на поделбата на патот кон решавање на кризата.

Бан првпат побара ситуацијата во Сирија да се најде пред Меѓународниот кривичен суд и додаде дека пет држави го „држат клучот“ за политичкото решение во Сирија – Русија, САД, Саудиска Арабија, Турција и Иран.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...