fbpx

ЈКП Тетово за наредната година најавува решавање на проблемот со дивата депонија

-

Јавното комунално претпријатие Тетово за наредната година најави изградба на затворен објект, каде ќе се носи комуналниот отпад, кој ќе се селектира и ќе се рециклира, пред да се транспортира во регионалната депонија Русино.

– На седница на Советот на општина Тетово, беше донесена одлука да се избере една од трите предвидени локации за изградба на затворен објект, каде ќе се носи комуналниот отпад. Таму ќе рециклираме 35 отсто од собраниот отпад, што на нашето претпријатие ќе му донесе заработка. За изградба на салата, се одвоени 10 милиони денари, изјави Џелал Цека раководител на тетовското комунално претпријатие.

Со изградбата на салата ќе се реши проблемот со претоварната станица лоцирана на влезот од Тетово, каде повремено со собираат купишта отпад.

За подобрување на состојбата со комуналниот отпад, од ЈКП Тетово најавија изградба на подземни контејнери, долж булеварот Илирија.

Раководителот Џелал Цека рече дека наредната година ќе набави три машини за чистење улици.

Тој се пофали дека годинава набавиле 150 контејнери за смет, кои недостигале во градот, поради нивното често оштетување од несовесни граѓани.

Исто така, биле купени две машини за чистење тротоари и еден багер.

– Нашите екипи работат на намалување на аерозагадувањето. За изминативе два месеци се потрошени 8 тони калциум ацетат за чистење на улиците, а беа засадени 1.300 дрвја во сите делови од градот – рече раководителот Цека.

Јавното комунално претпријатие Тетово годинава ја завршува со позитивно салдо. Вкупните приходи изнесуваат 182 милиони денари, а трошоците на ЈКП Тетово за 2015 година се 148 милиони денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Според извештајот на Обединетите нации, климатските промени веројатно ќе донесат ризици по безбедноста и здравјето на повеќе од 70 отсто од светската работна сила, пренесе германската новинска агенција ДПА. Меѓународната...