fbpx

Пакистанскиот претседател ќе посредува меѓу Саудиска Арабија и Иран

-

Наваз Шариф, премиерот на Пакистан, в понеделник ќе отпатува во Саудиска Арабија каде што ќе се сретне со кралот Салмин, а во вторник во Иран за во Техеран да се сретне со претседателот Хасан Рохани. Посетата на Шариф е за да ја смири напнатоста меѓу двете сопернички сили.

Во соопштението на пакистанската дипломатија се вели дека неодамнешната ескалација на напнатоста меѓу Саудиска Арабија и Иран предизвика длабока загриженост во Пакистан.

Неодамнешната ескалација на напнатоста помеѓу кралството Саудиска Арабија и Исламската република Иран предизвика длабока загриженост во Пакистан, се вели во соопштението на пакистанската дипломатија.

Во соопштението е наведено дека мирното решавање на споровите е во интерес на целокупната муслиманска заедница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...