fbpx

Митов: Решението за името да не создаде дополнителни проблеми со другите соседи

-

Бугарскиот шеф на дипломатијата, Даниел Митов смета дека, потенцијалното решение за името не смее да се дозволи да создава проблеми со другите соседи на Македонија. Според Mитов, Грција има политичка волја за да се најде решение на спорот за името, меѓутоа формулата за решавање на проблемот до сега се покажала како неуспешна.

Митов во интервју за грчкиот весник „То Вима“ посочува дека, се надева волја да постои и од македонска страна, напоменувајќи дека за решавање на проблемот ќе бидат неопходни компромиси.

– Ќе бидат потребни компромиси, но формулата за името која ќе се најде, треба да го реши проблемот засекогаш, без да создаде дополнителни проблеми на другите соседи. Скопје треба да ги спроведе реформите. Сметаме дека вмешувањето на Европската Комисија со цел да се исполнат Копенхашките критериуми и истражувањето на случаите со прислушкувањето е позитивен чекор – вели Митов за „То Вима“.

Забележува дека и за Софија, како и за Атина интеграцијата на државите од Балканот во НАТО и ЕУ останува приоритет, односно дека ЕУ нема да биде целосна без да ги има државите од Западен Балкан во европското семејство.

Сепак, според него ЕУ не смее да си дозволи да не се советува со трите држави од Југоисточниот дел на Европа кои се веќе држави – членки, односно Бугарија, Грција и Романија при одлучувањето на следните чекори за интеграцијата на Балканот во ЕУ.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...