Куќен притвор за возачот на камионот што го усмрти девојчето во Влае

-

„По добиената кривична пријава против возачот на камионот што вчера удри во 11-годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата, денеска надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе предлог за определување мерки за претпазливост, забрана за напуштање на живеалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање определени работни активности“, информираат од Основно јавно обвинителство.

Возачот се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје вчера изврши увид на местото на трагичниот настан.

При увидот заради првично утврдување на причините, по наредба на јавниот обвинител на местото на настанот се повикани судски обдуцент и овластен судски вештак за сообраќај. Во исто време, надлежниот јавен обвинител издаде низа наредби за анализа на крв и на урина на учесниците во сообраќајната незгода, за утврдување биолошки и други механички траги останати на возилото, фотографирање на местоположбата на возилото и на жртвата, како и наредба за вонреден технички преглед на камионот и наредба за обдукција на починатото лице заради утврдување на причините на смртта.

Несреќата се случи вчера попладне, околу 15.30 минути, на пешачки премин, на раскрсницата меѓу улиците Адолф Циборовски, Ангел Динев и Стефан Филиповиќ, во скопската населба Хром. Лекарите од брзата помош констатирале смрт на местото на несреќата.

Во малата депонија во Охис има жива и повеќе линдан од очекуваното, чистењето ќе чини до 20 милиони евра

Во малата депонија во Охис има 50 отсто повеќе линдан од првичните пресметки, покажуваат анализите на холандската компанија ТАУ што завршија во мај годинава. Во неа има и 70 тони жива,...

Кинескиот кредит за автопатот Кичево – Охрид ќе расте, рокот ќе се продолжи

За автопатот Кичево – Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, но по сѐ изгледа и неколку месеци повеќе до целосното пуштање во употреба. Ова денес го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи...

Прилепчанецот што уби татко и син легално поседувал оружје и претходно пукал во кафеана

Прилепчанецот Петар Ѓ. (62), кој завчера ги уби својот внук од сестра и неговиот малолетен син, а потоа се самоуби по вооружен судир со полицијата, и во минатото бил пријавен за...

Филипче: Македонија не смее да биде жртва на дезинформациски кампањи

Претседателот на СДСМ и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираше Програмата и приоритетите на Данското претседателство со Советот на Европската унија, се...

Во малата депонија во Охис има жива и повеќе линдан од очекуваното, чистењето ќе чини до 20 милиони евра

Во малата депонија во Охис има 50 отсто повеќе линдан од првичните пресметки, покажуваат анализите на холандската компанија ТАУ што завршија во мај годинава. Во неа има и 70...