fbpx
Таг: Реџеп Таип Ердоган

таг: Реџеп Таип Ердоган

Ердоган бара поддршка од Европа во борбата против курдските сепаратисти

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Вашингтон ги повика европските земји да ја поддржат кампањата на неговата влада против курдските сепаратисти, после нападот со автомобил во кој загинаа седум лица на југоистокот на Турција. Неговиот говор пред Институтот „Брукингс“ е обележан со судири меѓу турските безбедносни служби и демонстрантите новинари. - Не можеме тоа веќе да го толерираме. Се надевам дека...

Дипломатски скандал меѓу Турција и Германија поради сатирична песна за Ердоган

Песна на германска телевизија, која го исмејува претседателот на Турција поради опресивниот режим и апсењето новинари предизвика дипломатски скандал. Турските претставници на германскиот амбасадор Мартин Ердман му ја пренесоа официјалната осуда на сатиричното видео и побараа телевизијата, која на 17 март ја објави спорната песна да прекине со емитување, потврди претставник на министерството, кој побарал да остане анонимен. Песната на германски...

Ердоган: Одамна го заслуживме Шенгенскиот договор

Турција одамна го заслужи Шенгенскиот договор, оцени турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, обвинувајќи ја Европската Унија за неискреност во процесот на интегрирање на Турција со ЕУ. - Ние, всушност, одамна го заслуживме Шенгенскиот договор. Официјално го поднесовме барањето за членство во 1963 година и во текот на тој процес, тие постојано нè мамат. Никогаш не беа искрени и сè уште...

Ердоган му се закани на турскиот Уставен суд со укинување

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека пресудата на Уставниот суд за ослободување од притвор за двајцата новинари претставува чекор против државата. Ердоган предупреди дека судот со повторување слични одлуки би можел да го доведе во прашање сопственото постоење. - Институцијата не се воздржа од носење одлука која е насочена против држава и народот, а последниот конкретен пример е еден...

Ердоган предложува изградба на нов град за бегалците

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предложува изградба на нов град на северот на Сирија, во кој би биле сместени повеќе од милиони бегалци кои бегаат од војната во таа земја, јавуваат турските медиуми. Ердоган во говор во Истанбул истакнал дека новиот град би требало да биде изграден во близина на турската граница и додал дека за таа идеја веќе разговарал...

Отворени 1.845 случаи за навреда на Ердоган

Откако Реџеп Таип Ердоган е дојден на власт, во 2014 година, отворени се 1.845 случаи против лица обвинети за навреда на турскиот претседател, изјави висок владин функционер. Познат турски новинар, пак, во средата го опиша своето неодамнешно ослободување од затвор како „пораз за претседателот“. Ердоган го критикуваат дека агресивно го користи претходно ретко ползуваниот закон со кој се забранува навредување на претседателот, како начин да ги...

Ердоган: Турција ќе се одмазди за нападот

Турција најави одмазда против одговорните за силната експлозија на автомобил-бомба што ја погоди Анкара и во која загинаа 28 лица, а ранети се 61 лице. - Турција нема да се воздржува да го искористи своето право на самоодбрана во кој било момент, место или пригода - рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој додаде дека Турција е решена да одговори на овој напад, било во...

Турција нема да ги запре нападите врз сириските Курди

Официјална Анкара нема да ги сопре нападите врз сириските Курди, кои се одговор на прекуграничните престрелки, соопшти денеска турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. Турскиот претседател порача дека САД треба да одлучат кого поддржуваат, Турција или курдските бунтовници. Турција ги смета Силите за заштита на народот и нивното политичко крило, Демократската унија, за терористички организации поврзани со Курдската работничка партија (ПКК). - Нема...

Ердоган: Турција од 2011 година досега потроши 10 милијарди долари за бегалците

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска ги критикуваше Обединетите нации поради барањето Турција да ја отвори границата за новите десетици илјади сириски бегалци. Тој рече дека ОН ѝ дале 455 милиони долари на Турција, која од 2011 година досега има потрошено 10 милијарди долари за бегалците. Високиот комесаријат за бегалци на ОН вчера ја повика Турција да им дозволи влез на сите...

Истанбул: Обвинителството бара доживотен затвор за новинари

Јавниот обвинител во Истанбул побара доживотен затвор за двајцата новинари од дневниот весник „Хуријет“, обвинети за терор и за шпионажа бидејќи објавиле фотографија и текст во кој се наведува дека турската влада шверцува оружје за бунтовниците во Сирија. „Хуријет“ вчера објави дека јавниот обвинител го комплетирал обвинението против главниот уредник Кан Дундар и против дописникот на весникот од Анкара, Ердем Ѓул....

Ердоган е против распоредување на руски војници на турско-сириската граница

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е против распределба на руски војници на турско-сириската граница. - Нема да толерираме распоредување на војници долж границата од Ирак до Медитеранот - изјави Ердоган и додаде дека за тоа ќе разговара со американскиот потпретседател Џозеф Бајден, кој е во посета на Турција. Односите меѓу Турција и Русија значително се влошија откако на 24...

Почнува судењето на Фетулах Ѓулен, најголемиот противник на Ердоган

Денеска во Турција почнува судењето на Фетулах Ѓулен, турски проповедник и политичар и најголем ривал на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. Судењето ќе се одржи во главниот суд во Истанбул и претставува дел од острите мерки против движењето на Ѓулен, кои владата ги опишува како борба против „паралелна држава“. Ѓулен (74) му беше сојузник на Ердоган кога неговата Партија на правдата...

Ердоган: Самоуправата е провокација и предавство

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го обвини лидерот на прокурдската опозициска партија за „провокација и предавство“ затоа што ја поддржал самоуправата на Курдите на југоистокот на Турција. Ердоган им се обрати на новинарите откако обвинителството во Анкара покрена истрага за лидерот на Народна демократска партија, Селахатин Демирташ, кој пред три дена побарал декларација за автономијата, која е објавена на...

Путин нема да го прими Ердоган

Откажана е средбата на претседателите на Русија и на Турција, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Претседателот на Русија, Владимир Путин, се очекуваше утре да има билатерална средба со својот турски колега, Реџеп Таип Ердоган. - Нема да се случи, не е планирана - соопшти Песков пред руските новинари. Односите меѓу Русија и Турција се затегнати откако турските воздухопловни сили на 24 ноември урнаа...

Ердоган: Не сакам односите со Русија да се влошат

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека никој нема право да ја клевети Турција обвинувајќи ја дека купува нафта од Исламска држава. Тој изјави дека е подготвен да поднесе оставка ако се докаже дека таквите обвинувања се вистинити. Ердоган во говорот на универзитет во главниот град на Катар, Доха, рече дека не сака односите со Русија да се влошат. Претставници на...

Ердоган: Турција нема да возрати на руските санкции

Турција нема да одговори на „емоционалните реакции“ на Русија по соборувањето на рускиот воен авион и нема да преземе мерки против руските државјани или руските интереси, рече денеска турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. - Имаме умерен однос кон емоционалното дејствување на Русија – рече Ердоган, додавајќи дека не доаѓа предвид да се протеруваат руските граѓани од Турција. Москва одлучи повторно да...

Обама се надева дека САД и Русија заедно ќе се борат против ИД

Претседателот на САД, Барак Обама, се надева дека Русија ќе се приклучи на американската коалиција против џихадистите од Исламска држава. - Русија, на крај, ќе признае дека заканата од Исламска држава е најважна за нејзиниот народ и ќе биде сојузник на тие што се борат против терористичката организација – рече Обама на прес-конференција во Франција. Обама истакна дека САД и понатаму сметаат дека...

Продолжуваат дипломатските тензии меѓу Русија и Турција

Дипломатските несогласувања меѓу Русија и Турција продолжуваат поради соборувањето на рускиот авион. И двете страни не отстапуваат од своите ставови. Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, рече дека претседателот Владимир Путин нема да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на Самитот за климатските промени, сè додека Турција не се извини за уривањето на рускиот авион. Истовремено во Брисел,...

Путин го потпиша декретот за воведување економски санкции кон Турција

Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера го потпишал декретот за воведување економски санкции кон Турција, како одговор на соборувањето на рускиот борбен авион на турско-сириската граница, јавуваат светските медиуми. Како што синоќа објавил Кремљ, санкциите предвидуваат забрана за ангажирање турски персонал во некои руски фирми, извоз на одредена стока, без да биде прецизирано каква. Исто така, на одредени турски фирми ќе...

Турција со дипломатијата сака да ја надмине тензијата со Русија

Турција сака со дипломатија да ја надмине тензијата со Русија, настаната поради соборувањето на рускиот авион, соопшти денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу. - Не сме за тензија. Веруваме дека со дипломатија можеме да го надминеме овој проблем. Го очекуваме истото разбирање и од нашиот пријател и сосед Русија – рече Чавушоглу и ја повика официјална Москва...

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...