fbpx

Ердоган: Одамна го заслуживме Шенгенскиот договор

-

Турција одамна го заслужи Шенгенскиот договор, оцени турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, обвинувајќи ја Европската Унија за неискреност во процесот на интегрирање на Турција со ЕУ.

– Ние, всушност, одамна го заслуживме Шенгенскиот договор. Официјално го поднесовме барањето за членство во 1963 година и во текот на тој процес, тие постојано нè мамат. Никогаш не беа искрени и сè уште не се – изјави Ердоган за државната телевизија ТРТ.

Турција и ЕУ во петокот постигнаа договор за запирање на приливот на мигранти во Европа, според кој Анкара бара визна либерализација за своите граѓани до крајот на јуни, забрзување на пристапните преговори, како и финансиска помош.

За возврат, Анкара ќе ги прими назад сите мигранти што илегално преминале во Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...