fbpx

Обама се надева дека САД и Русија заедно ќе се борат против ИД

-

Претседателот на САД, Барак Обама, се надева дека Русија ќе се приклучи на американската коалиција против џихадистите од Исламска држава.

– Русија, на крај, ќе признае дека заканата од Исламска држава е најважна за нејзиниот народ и ќе биде сојузник на тие што се борат против терористичката организација – рече Обама на прес-конференција во Франција.

Обама истакна дека САД и понатаму сметаат дека Русија не ги бомбардира само ИД, туку и сириската опозиција. Тој изјави дека „нема илузија“ за тоа дека Русија ќе ги бомбардира само ИД.

САД сметаат на успехот на Виенскиот процес за решавање на кризата во Сирија, нагласи американскиот претседател.
– Можеме да воочиме одредени зони на прекин на огнот во некои делови на Сирија – рече Обама.

Тој констатира значителен напредок во процесот на затворање на сириско-турската граница.

– Повеќепати разговарав со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, за потребата целосно да се затвори границата меѓу Турција и Сирија. Забележавме значителен напредок во таа смисла иако и понатаму постојат одредени проблеми – рече Обама, додавајќи дека останале уште околу 98 километри кои претставуваат отворена граница и кои ИД ги користи за снабдување и за пополнување на своите редови со борци.

Американскиот претседател оцени дека САД и нивните сојузници активно работат на подготовка на воени и на други мерки за решавање на проблемот и оти голем напор очекува и од Турција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...