fbpx

Ердоган предложува изградба на нов град за бегалците

-

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предложува изградба на нов град на северот на Сирија, во кој би биле сместени повеќе од милиони бегалци кои бегаат од војната во таа земја, јавуваат турските медиуми.

Ердоган во говор во Истанбул истакнал дека новиот град би требало да биде изграден во близина на турската граница и додал дека за таа идеја веќе разговарал со американскиот претседател Барак Обама.

Тој истакнал дека градот би имал површина од 4.500 квадратни километри и дека неговата инфраструктура би можела да биде изградена во соработка со меѓународната заедница.

Турските власти во повеќе наврати се обидуваа да ги уверат западните сојузници да помогнат во воспоставување на безбедносна зона во Сирија, каде што можат да бидат сместени бегалците, но ова е првпат Ердоган да предложи изградба на цел град.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...