Путин нема да го прими Ердоган

Откажана е средбата на претседателите на Русија и на Турција, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, се очекуваше утре да има билатерална средба со својот турски колега, Реџеп Таип Ердоган.

– Нема да се случи, не е планирана – соопшти Песков пред руските новинари.

Односите меѓу Русија и Турција се затегнати откако турските воздухопловни сили на 24 ноември урнаа руски воен авион на територија на Сирија, во близина на турската граница. Официјална Анката тврди дека авионот го нарушил турскиот воздушен простор, додека Москва тврди дека авионот воопшто не летал на турската територија.