fbpx

Истанбул: Обвинителството бара доживотен затвор за новинари

-

Јавниот обвинител во Истанбул побара доживотен затвор за двајцата новинари од дневниот весник „Хуријет“, обвинети за терор и за шпионажа бидејќи објавиле фотографија и текст во кој се наведува дека турската влада шверцува оружје за бунтовниците во Сирија.

„Хуријет“ вчера објави дека јавниот обвинител го комплетирал обвинението против главниот уредник Кан Дундар и против дописникот на весникот од Анкара, Ердем Ѓул. Судот мора да го прифати обвинението пред да се закаже судењето. „Хуријет“ во мај објави фотографии на кои, како што е наведено, се гледаат турски камиони како превезуваат муниција и ја испорачуваат на борци против Башар ал Асад. Турската влада веднаш ги демантираше наводите.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, тогаш рече дека нема да дозволи Дундар да се „извлече“, откако против него беше поднесена кривична пријава. Тој во ноември негираше дека камионите на турската разузнавачка служба (МИТ) превезувале оружје во Сирија, пишува „Хуријет“.
– А што и да носат оружје – рече Ердоган, додавајќи дека објавувањето на приказните во весниците било предавство.

Ердоган на 2 јуни минатата година и сам поднесе кривична пријава против Дундар, тврдејќи дека текст во „Хуријет“ содржел снимки и информации кои не одговараат на фактите. Турскиот претседател тогаш рече дека авторот на текстот ќе „плати висока цена“.

Во обвинението против Дундар и Ѓул се наведува дека тие собирале доверливи државни документи за политичка и воена шпионажа, а се товарат и за обид за соборување на владата, како и за намерно поддржување на терористички организации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...