fbpx

Судија од Охрид осомничен за примање поткуп

-

Секторот за внатрешни работи Охрид поднел кривична пријава против 56-годишниот Р.С., судија во Основниот суд Охрид, поради постоење основан сомнеж дека примил поткуп.

Според полициските информации, осомничениот судија, кој постапувал по граѓански предмет, на 25 јануари годинава од вработен во локална фирма, која била тужена странка во случајот, побарал и примил поткуп од 5.000 денари за да пресуди во корист на фирмата.

Како што информираат од полицијата, осомничениот во текот на декември се сретнал со претставник на тужената фирма и директно од него побарал поткуп од 15.000 денари. Откако добил одговор дека сумата била превисока, во јануари судијата повторно го побарал претставникот на фирмата и го повикал во својата канцеларија. Тука го известил дека претходната барана сума како поткуп од 15.000 денари сега ја намалил на износ од 5.000 денари.

Бараните пари, пријавениот ги примил на 25 овој месец, напладне, во просториите на Трговско друштво за сообраќај, трговија и услуги увоз – извоз Охрид.

Истиот ден, по наредба од судијата на претходна постапка при Основниот суд Охрид, во простории на фирмата и во присуство на адвокат, бил извршен претрес над осомничениот, при што кај него се пронајдени пет банкноти од 1.000 денари со обележани сериски броеви и криминалистичко-технички претходно обработени, кои ги примил како поткуп.

За претресот извршен е записник, а парите и неговиот мобилен телефон со потврда се одземени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...