недела, 16 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: фирма | 41 резултати

МВР поднесе три кривични пријави против градоначалникот на Неготино

19 септември 2017

Полицијата во Неготино поднела три кривични пријави против градоначалникот на општината, Ванчо Апостолов, кој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Како што информираат од МВР, првата кривична пријава е поднесена бидејќи градоначалникот од 2014 до 2017 година без тендерска постапка склучил договор со локален интернет-портал за […]

Колариќ: Анѓушев се грижи единствено за профитот на своите фирми

10 септември 2017

Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека скандал од невидени размери е тоа што вицепремиерот во Владата, Кочо Анѓушев, си доделил преку државната ЕЛЕМ тендер во износ од 2,6 милиони евра на фирма која е во негова сопственост, „Фероинвест“. – Ваквиот криминален тендер покажува дека Кочо Анѓушев само го пресликува работењето на неговиот ментор Зоран […]

Отпадот од тетовската депонија ќе се дислоцира во Дрисла или во Русино

21 август 2017

Отпадот од депонијата во Тетово ќе се дислоцира и ќе биде складиран во скопската депонија Дрисла или во депонијата Русино. Дислоцирањето на отпадот ќе го врши фирмата „Голец Транс“, која, како што соопштија денеска од Владата, е избрана на тендер, кој завршил во петокот, минатата недела. Фирмата, заедно со Јавното комунално претпријатие „Тетово“ со дислокација […]

Пожар пеплоса хала за доработка на конфекциски производи во Штип

3 јуни 2017

Вчера, околу 6.30 часот, во Штип избувнал пожар во хала за доработка на конфекциски производи на фирмата „ВИТ ДООЕЛ“, сопственост на 22-годишниот В.Ф., соопшти денеска полицијата. Засега не се познати причините за избувнувањето на пожарот, кој бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица – Штип. Поради големата материјална штета увидот на местото ќе се […]

Жители на Волковија протестираа поради загадувањето на селските извори

26 февруари 2017

Со мирен протест, жителите од тетовското село Волковија го искажаа своето незадоволство поради, како што рекоа, загадувањето на селските извори од кои се снабдуваат со вода за пиење. Тие посочијa дека изворите се загадуваат поради градежни работи кои ги врши приватна фирма, ангажирана за изградба на воспитно-поправен дом, кој се гради во близина на изворите […]

Нов, атрактивен дрвен мост над реката Дрим во центарот на Струга

12 декември 2016

Реката Дрим во центарот на Струга ќе ја премостува нов, атрактивен дрвен мост. Проектантска куќа од Австрија во која работат Македонци го изработи проектот, а од таму се увезени и дрвените делови. Идниот пешачки мост се монтира на местото на некогашниот мост, познат како „Мостот на Нина“, по името на некогашната општинска раководителка на Струга, а […]

Данска фирма воведе шестчасовен работен ден

8 ноември 2016

Малата фирма за преводи „Транслејтед бај ас“ (Translated by us) од Данска вовела шестчасовен работен ден, односно 30-часовна работна недела за своите вработени, пренесуваат данските медиуми. Мадс Блухер, сопственикот на фирмата која има само четворица вработени, но е во процес на ширење, истакнува дека не станува збор за „хипи експеримент“ туку за доста добро промислена […]

СДСМ: Пред избори Груевски сака да додели концесија за изградба на гасовод на 30 години

17 септември 2016

СДСМ денеска преку соопштение предупреди дека Владата се обидува да спроведе еден од најскандалозните корупциски тендери во десетгодишниот мандат. Од опозициската партија велат дека власта на Груевски во предизборие сака на компанија да ѝ додели концесија на 30 години за изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас. „Која е фирмата на којашто фамилијата пред заминување […]

Скината одводна цевка го блокираше центарот на Скопје

8 септември 2016

Полициски возила и денеска ја блокираа улицата кај новата зграда на Факултетот за драмски уметности во центарот за Скопје, спроти Министерството за надворешни работи, поради скината главна цевка од канализациската мрежа, пренесува „24 Вести“. Според работници на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, како што пренесува телевизијата, проблемот настанал поради тоа што инвеститорот, кој гради во […]

Исечени дрвјата во спортскиот центар во Тетово

24 август 2016

Откорнати се сите дрвја во спортскиот центар во Тетово, кој беше единствената слободна зелена површина во градот. Сечата ја извршил новиот закупец на овој простор, кој месецов почна да го реконструира центарот. Од Општина Тетово велат дека сечата на дрвата е направена нелегално. „Оваа површина преставува градежно изградено и уредено земјиште со намена за спорт […]

Фирмата „Еколог“ ќе управува со два стадиони во Тетово

19 јули 2016

Советниците на Општина Тетово на денешната седница, со мнозинство гласови ја изгласаа одлуката со новиот и со стариот градски стадион во Тетово да управува фирмата „Еколог“, сопственик на фудбалскиот клуб „Шкендија“. – Фирмата „Еколог“ во наредните две години треба да инвестира 7 милиони евра во двата стадиони. Ваквата реконструкција на стадионите многу ќе придонесе за […]

Документите од Панама: Орце Камчев е сопственик на офшор-фирма

9 мај 2016

Јордан (Орце) Камчев е сопственик на фирмата „Десимарг лимитед“, која е основана на Бахамите. Документи од Панама првпат овозможуваат доказ за тоа дека тој е директен сопственик на таква компанија, објави истражувачкиот тим на „Нова ТВ“. Компанијата е основана на 3 јануари 2014 година, од фирмата „Консулко“, а во јули 2015 година веќе е почната […]

Вработените во „Актор“ штрајкуваат бидејќи не зеле плата

5 мај 2016

Стотината вработени во грчката фирма „Актор“, која работи на изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица, штрајкуваат бидејќи не зеле плата два месеци, јавува телевизија „Телма“. Грчката градежна фирма во 2012 година го доби тендерот за изградба на 28-километарската делница. Името на „Актор“ стана актуелно во македонските медиуми пред две години, кога опозицискиот СДСМ обвини […]

Шилегов: Семејството на Иванов има бизнис-релации со фирми од Панама

24 април 2016

Блиската фамилија на Ѓорге Иванов, човекот кој прогласи аболиција за криминалната банда на Никола Груевски, е директно поврзана со бизниси и со фирми на Панама, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. – Братот на Маја Иванова, Сашо Тоневски, има бизнис-релации со фирмата „ЛИП корп Панама Сити“ од Панама, која е основач и сопственик на фирмата […]

Милионски тендери од Владата за „Трансмет“, фирмата што требаше да го урива „Космос“

21 април 2016

На денешната прес-конференција, Специјалното јавно обвинителство обелодени дека го отвора случајот „ТНТ“. Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека иако уривањето на комплексот „Космос“ требало да го изврши фирмата „Трансмет“, која имала склучено договор со Општина Гази Баба, по налог на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, преку незаконски спроведена постапка за јавна набавка, била избрана фирмата „3М […]

Кирацовски: Незаконски исплатени еден милион евра на фирма блиска до власта

3 април 2016

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација Иво Ивановски дозволи околу еден милион евра пари на граѓаните да бидат незаконски префрлени на сметката на фирмата „Виста Груп“, блиска до власта, обвини денеска дополнителниот заменик-министер за информатичко општесто и администација, Александар Кирацовски. Тој изјави дека незаконската исплата била за проектот за интероперабилност и покажа документи за […]

Бугарска фирма со највисока понуда за рудниците Злетово и Тораница

16 март 2016

На денешното електронско наддавање за концесија за рудниците Злетово и Тораница, бугарската компанија „Минстрој“ понудила највисока цена од трите фирми што ги исполнувале условите за учество во наддавањето. Компанијата која е со седиште во Софија, понудила два милиони евра за преземање на рудниците Злетово и Тораница. Фирмата „Индоминерали“, која досега управуваше со рудниците, е во стечај. Другите […]

Судија од Охрид осомничен за примање поткуп

28 јануари 2016

Секторот за внатрешни работи Охрид поднел кривична пријава против 56-годишниот Р.С., судија во Основниот суд Охрид, поради постоење основан сомнеж дека примил поткуп. Според полициските информации, осомничениот судија, кој постапувал по граѓански предмет, на 25 јануари годинава од вработен во локална фирма, која била тужена странка во случајот, побарал и примил поткуп од 5.000 денари […]

Постaвен камен-темелник на германската „Акомпласт“

14 јануари 2016

Во Прилеп денеска беа поставени темелите на германската фирма „Акомпласт“, компанија поврзана со најновата технологија во производство на делови за автомобили. Со оваа фабрика, во која ќе бидат вработени околу 250 лица, се очекува да заживее и целата локална економија, како и фирмите од градот што ќе соработуваат со неа. Вработените ќе бидат високообразовани кадри од техничките науки, […]

Скопски бизнисмен осомничен за даночно затајување на околу 715.000 евра

29 декември 2015

Основното јавно обвинителство Скопје, по добиено известување од Управата за финансиска полиција, оформило предмет и издало наредба за спроведување истражна постапка против скопјанецот Ф.С., сопственик и управител на фирмата „Фарком инженеринг“, осомничен дека затаил данок од околу 44 милиони денари или околу 715.000 евра, соопшти Јавното обвинителство. „Според добиеното известување, во периодот од 2010 до 2015 година лицето […]

Страна 1 од 2