fbpx

Кирацовски: Незаконски исплатени еден милион евра на фирма блиска до власта

-

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација Иво Ивановски дозволи околу еден милион евра пари на граѓаните да бидат незаконски префрлени на сметката на фирмата „Виста Груп“, блиска до власта, обвини денеска дополнителниот заменик-министер за информатичко општесто и администација, Александар Кирацовски.

Тој изјави дека незаконската исплата била за проектот за интероперабилност и покажа документи за кои тврди дека докажуваат оти парите била префрлени иако фирмата не го испочитувала договорот склучен со министерството.

– Станува збор за проектот што беше помпезно најавуван т.е. систем за меѓусебна размена на податоци помеѓу државните институции. Постојат документи, изготвени директно од ова министерството, во коишто се констатира дека „Виста Груп“ зела скоро 1 милион евра, а не го исполнила договореното што е противзаконски, потоа за овој проект не постои ниту записник за примопредавање, затоа што никој не сакал да преземе одговорност за овој криминал. „Виста Груп“ не го испочитувала ниту рокот за реализација на проектот, а и покрај тоа министерството не ја активирало банкарската гаранција, што е спротивно на договорот и на штета на граѓаните – рече Кирацовски.

Дополнителниот заменик-министер вели дека за овој криминал биле свесни сите во министерството и во останатите институции вклучени во проектот, како и во Владата.

– Но како добро организирано злосторничко здружение, наместо да ги отстранат неправилностите или да ги информираат органите на прогон, тие пробале тоа добро да го затскријат со доверливи и тајни документации, реорганизација на работењето и нови дополнителни инвестиции за спроведување на веќе исплатениот проект – изјави Кирацовски

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...