fbpx

Избрана фирма што ќе го одржува е-дневникот

-

Постапката за избор на компанија која ќе го одржува електронскиот дневник е завршена, односно избрана е компанијата „Сорсикс“ и потпишан е договор, информираa денеска за „Мета“ во Министерството за образование и наука (МОН). Оттаму потенцираат дека сите податоци кои наставниците не ги внесуваа од почетокот на учебната година, ќе треба да ги внесат затоа што тоа е законска обврска.

Оваа учебна година, електронскиот дневник не работи. Наставниците не можат да внесуваат податоци ниту оценки во него бидејќи страницата не е во функција

– Во моментов се работи на ажурирање на електронскиот дневник. Се прават и извесни промени во техничката функционалност, така што во скоро време истиот ќе биде целосно подготвен и наставниците ќе продолжат да го користат – велат во МОН.

Со активирањето на електронскиот дневник, родителите старателите на учениците ќе продолжат да имаат брз и едноставен увид во оценките и поведението на своите деца.

На прашањето, до каде е најавената новина за кратење на купот административни обврски што ги имаат наставниците, од Министерството одговараат дека во оваа фаза е рано да се говори за тоа.

„Рано е да се зборува за конкретни одредби со кои се уредуваат одредени обврски на наставниците, а кои ќе бидат содржани во новите законски решенија кои ќе ја регулираат областа на основното и средното образование, бидејќи процесите на нивната изработка, односно формулирање (конкретно на Законот за основното образование) се се` уште во тек и се работи на утврдување на конечната верзија која ќе биде и понудена на јавна дискусија“, појаснуваат оттаму.

Електронскиот дневник беше воведен во февруари 2011 година. Овој проект имаше за цел да ја подобри комуникацијата меѓу наставниците и родителите, но праксата покажа дека системот често им тренира нерви на просветниците бидејќи „паѓаше“, со што им беше овозможено да го пополнуваат навремено. Проблемите беа изразени пред крај на учебна година, кога речиси 20.000 наставници во исто време пополнуваа конечни оценки на сите ученици во е-дневникот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...